Преку видео порака, Папата им се обрати на учесниците на вториот Панафрикански католички конгрес за теологија, општество и пасторален живот, кој се одржува во Најроби, Кенија, а завршува на 22 јули. „Мудрата теологија, како онаа што ја предлагате, нека биде радосна вест за милосрдие кон сиромашните и нека ги поддржува заедниците во борбата за живот, мир и надеж“.
За папата Фрањо заедничката работа на теолозите, верниците лаици, свештениците, монасите, монахињите и епископите е знак на надеж. Ова го истакна Папата во видео пораката испратена по повод вториот Панафрикански католички конгрес за теологија, општество и пасторален живот, што се одржува на Католичкиот универзитет на Источна Африка во Најроби, Кенија, на тема „Одење заедно за Црква полна со живот во Африка и светот“. Се собравме за да разбереме што ни кажува Бог денес за да одговориме на денешните предизвици, но и да ги преточиме општествените, културните, еколошките и црковните соништа на Африка во реалност, веќе тоа е само по себе знак за Црквата, која излегува – истакна Папата, обраќајќи им се на учесниците на тој собир на кој присуствуваат повеќе од 80 верски водачи и научници од пет континенти.
Да одиме напред за доброто на Африка
Папата ги охрабри присутните да продолжат да одат напред и потсети дека за време на неговите посети на Африка секогаш бил погоден од верата и издржливоста на локалното население. Извлечете го најдоброто од себе за да биде изненадување и да се создаде африканско остварување што ќе биде изненадување за сите нас – ги охрабри Папата учесниците на иницијативата организирана од Теолошката и пасторалната католичка панафриканска мрежа.
Патишта кои ѝ се потребни на Црквата во Африка
Придружувајте се еден со друг, помагајте си и растете заедно – ова е советот на Папата како би напредувало заедничкото одење. Мудрата теологија, каква што ја предлагате, нека биде радосна вест за милосрдие за сиромашните и нека ги поддржува поединците и заедниците во нивната борба за живот, мир и надеж – посака Папата и изрази надеж дека од овој конгрес ќе произлезат патишта кои им ѝ се потребни на Црквата: патишта на мисионерско и еколошко преобраќање, патишта на мир, помирување и преобразба на целиот свет. На крајот го даде својот благослов и за нивната работа ја моли Богородица да им биде придружничка.
Ватикан њуз/к.мк