Папата Фрањо со голема загриженост го следи насилството во Светата Земја и ги повикува одговорните да ја прекинат вревата на оружјето и да тргнат по патот на мирот, со помош на меѓународната заедница.
Со голема загриженост следам што се случува во Светата Земја – рече папата Фрањо после пладневната молитвата Царице небесна на 16 мај 29021 година. Последните денови помеѓу Појасот Газа и Израел завладеаја жестоки вооружени судири и постои опасност да се претворат во спирала на смртт и уништување – рече Папата и истакна: Голем број луѓе се ранети и многу невини починаа. Меѓу нив има и деца, а тоа е страшно и неприфатливо. Нивната смрт е знак дека не се сака да се гради иднината, туку дека се сака да се уништи.
Освен тоа зголемувањето на омразата и насилството кои погодуваат повеќе израелски градови, е голема рана на братството и мирниот соживот меѓу граѓаните која ќе биде тешко да се зацели, ако веднаш не се отвориме за дијалог – истакна Светиот Отец и продолжи: Се прашувам: каде ќе нѐ однесе омразата и осветата? Зарем навистина мислиме дека градиме мир уништувајќи го другиот? „Во името на Бог Кој ги создал сите битија еднакви во правата, должностите и достоинството и ги повика заедно да живеат како браќа (Документ за човечко братство), повикувам на мир, а оние кои се одговорни да ја прекинат вревата на оружјето и со помош на меѓународната заедница да тргнат по патот на мирот.
Да молиме непрестано за Израелците и Палестинците да го пронајдат патот на дијалогот и простувањето, да бидат трпеливи градители на мирот и правдата, отворајќи се чекор по чекор за заедничка надеж и соживот меѓу браќата – поттикна папата Фрањо и додаде: Да молиме за жртвите посебно за децата; да ја молиме за мир Царицата на мирот.
Денес започнува „Неделата на Лаудато Си“, за да нѐ воспитува повеќе за да ги слушаме криците на земјата и сиромашните – потсети потоа Папата и истакна: Благодарам на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој, Светското католичко движење за клима, Меѓународниот Каритас и бројните организации членки и сите ги повкувам да учествуваат во таа иницијатива. Поздравувајќи ги сите присутни Светиот Отец на крајот посебно ги поздрави ходочасниците кои учествуваа на вчерашното прогласување за блажен на свештеникот Фрањо Марија од Крстот основач на монасите и монахињите салваторијанци.
Ватикан њуз/к.мк