Папата Фрањо во аудиенција го прими малтешкиот претседател Џорџ Вела, кој му подари на Папата шест компјутери за клиниката „Мајка на милосрдието“ која им служи на сиромашните на плоштадот Свети Петар.
Претседателот на Малта, Џорџ Вела, во четврток 21 март 2024 година во Апостолската палата во Ватикан се сретна со папата Фрањо.
Нивната средба траеше нешто повеќе од еден час, Папата и претседателот си разменија подароци. Папата Фрањо му подари на претседателот Вела бронзена скулптура со наслов „Дијалог меѓу генерациите“, како и книги со документи.
Претседателот Вела возврати со шест компјутери наменети за клиниката „Мајка на милосрдието“, медицински центар на плоштадот Свети Петар кој им служи на луѓето кои се соочуваат со финансиски тешкотии.
За време на Апостолската посета во Малта на 2-3 април 2022 година, Папата го посети го главниот град Валета, како и Рабат, Флоријана и островот Гозо.
Разговори во Државниот секретаријат
Според Канцеларијата за печат на Светиот Престол претседателот Вела потоа се сретна со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и Мирослав Станислав Вачовски, потсекретар за Односи со државите.
На разговорите во Државниот секретаријат беа истакнати добрите односи меѓу Светиот Престол и Република Малта.
„Потоа разговараа и за различни прашања од меѓународна природа, со особено внимание на медитеранскиот регион, конфликтите во Израел и Палестина и Украина, како и миграцијата“, стои во соопштението за печатот.
Ватикан њуз/к.мк