Во обраќањето по молитвата Царице небесна на Светол понедленик, на 22 април папата Фрањо уште еднаш ја изрази својата близина со народот во Шри Ланка и рече дека се надева дека сите ќе ги осудат тие терористички дела.
„Драги браќа и сестри сакам уште еднаш да ја изразам својата духовна и татковска близина на народот во Шри Ланка. Ја изразувам и својата близина на драгиот брат кардиналот Малколм Ранјит Патабендиге Дон и на целата Црква во Коломбо. Упатувам молитва за многубројните жртви за ранетите и ги молам сите без двоумење да ја пружат на тој драг народ целата потребна помош. Исто така се надевам дека сите ќе ги осудат тие терористички и нечовечки дела кои никогаш со ништо не можат да се оправдаат,“ рече Папата повикувајќи ги сите собрани заедно да измолат Радувај се Маријо.
Ватикан њуз/к.мк