Папата Фрањо на 16 мај 2019 година ги прими во аудиенција претставниците на заедницата Браќа на христијанските училишта, нивните соработници и ученици, по повод 300 годишнина од смртта на нивниот основач, свети Иван Крстител од Сале, заштитник на учителите и ги поттикна да го наследуваат неговиот занес кон последните и отфрлените.
Наследувајте го занесот кон сиромашните и отфрлените на вашиот основач, свети Иван Крстител од Сале, генијален и креативен иноватор во поглед на училиштата, во сфаќањето на наставниците и методите на учење – рече папата Фрањо, обраќајки се на група од околу 3000 членови на Браќата на христијанските училишта..
На аудиенција кај Папата е претставена работата на 35000 монаси и монахињи, 90.000 воспитувачи лаци и милион ученици, кои оваа година слават 300 години од смртта на тој познат француски светец, заштитник на наставниците.
Ватикан њуз/к.мк