Папата упати телеграма со сочувство до индонезиските власти

Папата упати телеграма со сочувство до индонезиските власти

Светиот Отец се моли за населението во Индонезија за утеха и сила.

По силниот земјотрес кој го погоди островот Ломбока во Индонезија, во неделата на 5 август се пронаоѓаат сѐ повеќе загинати, до сега се пронајдени повеќе од 140 луѓе. Во телеграмата со сочувство која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, папата Фрањо се обраќа со црковните и граѓанските власти во Индонезија изразувајќи голема тага заради веста за страшната загуба на животи и штетите кои ги предизвика земјотресот со јачина од 7 степени магнитуда. Има илјадници оштетени и срушени згради, а стотина луѓе се ранети. Околу 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови на тој остров. Итно е потребен медицински персонал, лекови и храна на луѓето кои заради тешките оштетување биле принудени да ги напуштат своите домови.

Папата ја изразува својата солидарност со сите и ветува молитва посебно за починатите, за лекување на ранетите и за утеха на оние кои ги загубиле своите најмили. Охрабрувајќи ги граѓанските власти и луѓето кои се вклучени во потрагата и спасувањето додека им помагаат на жртвите од таа несреќа, папата Фрањо се моли за населението за утеха и сила и на сите им поделува Божји благослов – стои во телеграмата.

Многу невладини здруженија веќе итно се активирани. Организацијата „Save the Children“ јавува дека на некои подрачја на Ломбока 8 од 10 куќи се уништени, но локалните служби даваат помош на сите, а посебно на децата. И покрај предупредувањето за опасност од цунами луѓето се дезориентирани и бегаат од страв, соопшти невладината организација. На Ломбока нема струја, а тоа ја отежнува комуникацијата. Со посебен ангажман на населението се настојува да му се подели најосновното за живот.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот