Во пресрет на Европското првенство во пливање кое следниот месец ќе се одржи во Рим, претставници на Европската пливачка федерација го посетија папата Фрањо. Денес спортот ни е потребен повеќе од кога било, нагласи Светиот Отец, како противтежа на конфликтите и непријателствата кои го притискаат нашиот свет и за жал нашиот европски континент.
Поради оваа причина, папата Фрањо го прифати предлогот на федерацијата да испрати порака до сите учесници на првенството – порака што ја прочита и пред присутните. Обраќајќи им се на натпреварувачите во водените спортови, Папата во пораката истакна дека големите спортски настани се привилегиран момент за средба со млади луѓе од различни земји, а со тоа и знак на надеж за подобар свет. Ова особено одговара на повикот на Рим, универзалниот град, истакна тој. Рим е град отворен за светот, од каде Црквата насекаде го шири евангелието на братството.
„Мислам дека и вие, како мене, сте тажни бидејќи оваа спортска прослава ја притиска сенката на војната во Украина. Но, би сакал тоа да стане причина уште посилно да ја изразиме нашата посветеност на свет без војни, без омраза меѓу народите, без нуклеарна закана“.
Момент на славење и братство
Желба на Папата е спортистите да го доживеат првенството како момент на славење и братство, во мирна атмосфера што ќе им помогне и на секој од нив да дадат сѐ од себе.
Секогаш внимавајте на децата
На крајот од обраќањето, Светиот Отец покрај подготвениот говор ѝ изрази радост на делегацијата што со себе донеле и дете.
„Присуството на дете секогаш ја отстранува „етикетата“ средба, бидејќи тие се слободни, прават што сакаат и ако ги оставите, ќе одат од една на друга страна. Деца… Секогаш гледајте во децата, бидејќи тие ни ја покажуваат таа зона на слобода која прави да дишеме добро“.
Ватикан њуз/к.мк