Папата со порака до учесниците на форумот за миграција и развој

Папата со порака до учесниците на форумот за миграција и развој

Папата Фрањо испрати порака до учесниците на Глобалниот форум за миграција и развој кој во организација на члените на Обединетите нации се одржа од 10 до 12 декември 2016 година во главниот град на Бангладеш, Дака.

Во пораката, која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, а ја објави Осерваторе Романо, Светиот Отец ги поттикнува како владите така и локалните политички власти да се соочат со кризата која предизвика масовна миграција на луѓето. Папата на учесниците на форумот ги потсети дека феноменот миграција и развојот се тесно поврзани со прашањата за сиромаштвото, војната и трговијата со луѓе и според тоа бараат одржлива животна средина и човечки развој.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот