На Задушница кога се спомнуваме на сите верни починати, папата Фрањо преку својот профил на Твитер испрати нова порака: Исус на смртта ѝ го одзема последниот збор; кој верува во Него ќе биде преобразен со љубовта на милосрдниот Отец и за вечен и блажен живот.
Верата во воскресението која ја исповедуваме ни помага да бидеме луѓе на надежта, а не на очајот, луѓе на животот, а не на смртта затоа што нѐ теши ветувањето во вечниот живот вкоренет во единството со воскреснатиот Христос – рече Папата во една од бројните прилики зборувајќи за Задушница. Така на 3 ноември минатата година, на светата Литургија за задушница за кардиналите и епископите починати во текот на годината, истакна дека смртта ја прави конечната „раскрсница“ која е уште овде, на овој свет пред нас, а на која се разделуваат патот на животот односно оној кој води до заедништвото со Бог и патот на смртта кој води далеку од Него.
Таа надеж која во нас ја запали Словото Божјо ни помага да се однесуваме со доверба во однос на смртта; навистина Исус ни покажа дека таа го нема последниот збор, туку милосрдната љубов на Отецот нѐ преобразува и ни дава да живееме со Него во вечно заедништво – истакна Светиот Отец.
Надеж која не разочарува
Задушница следува веднаш после празникот Сите светци токму заради тоа што тие меѓусебно тесно се поврзани. Од една страна Црквата ходочасничка низ историјата, се радува заради застапништвото на светците и блажените кои ја поддржуваат во посланието за навестување на Евангелието; од друга страна пак учествува во жалоста на оние кои страдаат заради разделеноста од другите луѓе и како Исус и благодарение на Него, Му се заблагодарува на Отец кој нѐ ослободи од владеењето на гревот и смртта – рече папата Фрањо во пладневниот наговор на 2 ноември 2014 година.
На овој ден многу луѓе одат на гробиштата, на местото за почивка, во спомен на своите мили, но Црквата повикува да си спомнуваме на сите – предупреди Папата – исто така на оние кои никој не си спомнува, како што се жртвите од војните и насилствата, бројните мали во светот притиснати од гладот и бедата и безимените луѓе кои почиваат во заедничките гробници.
Резултатот на војната е смртта
На бројните жртви од залудните војни, папата Фрањо своите мисли ги посвети на 2 ноември минатата година на светата Литургија која ја служеше на Американските гробишта во Нетун. Кога луѓето имаат намера да влезат во војна, се уверени дека ќе воспостават нов свет, дека ќе дојде до одредена „пролет“. Но, сѐ потоа завршува во зима, лоша, сурова во која владее теророт и смртта. Денес да се молиме за сите покојни, но на посебен начин за тие млади луѓе во моментот во кој многу умираат во секојдневните битки на оваа Светска војна во делови – рече тогаш Светиот Отец.
Жалоста се испреплетува со надежта
Денешниот спомен на починатите, освен тоа има двојни чувства; од една страна чувството на жалост, но од друга и знакот на надежта кој го претставува цвеќето кое се носи на гробот. Тоа е гест на близина и љубов – објасни папата Фрањо на 2 ноември 2016 година на светата Литургија служена на римските гробишта Фламинио. Сите ќе појдеме по тој пат; порано или подоцна, во болка или без неа, но сите.(…)
Ватикан њуз/к.мк