Папата се сретна со јорданскиот кралски пар

Папата се сретна со јорданскиот кралски пар

Папата Фрањо на 10 ноември 2022 година го прими јорданскиот крал Абдула II. и неговата сопруга, кралицата Ранија.

Во приватниот разговор, меѓу другото, станало збор и за ситуацијата на Блискиот Исток и за ситуацијата со бегалците во Јордан, се наведува во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Папата Фрањо му се заблагодари на кралот Абдула II. за помошта, посебено на палестинските бегалци и заштитата на светите места.

Се зборуваше и за меѓурелигиски и екуменски дијалог и неопходноста од нивно промовирање и грижата за опстанокот на христијанското присуство во регионот. Како и на последната средба во 2017 година, разговараа за стабилноста и мирот на Блискиот Исток.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот