Папата се сретна со членови на фoндацијата Иван Павле II

Папата се сретна со членови на фoндацијата Иван Павле II

По повод 35 годишнината од делувањето на фондацијата Иван Павле II, папата Фрањо се сретна со нејзините членови на чело со кардинал Станислав Рилкo на кој му се заблагодари за поздравните зборови.

Истанувајќи дека целта на нивната фондација е да поддржува воспитни, културни, верски и каритативни потфати кои се вдахнуваат од ликот на свети Иван Павле II, Папата потсети дека Црквата на 22 октомври го слави литургискиот спомен на свети Иван Павле II.

Вие делувате во разни држави посебно во Источна Европа, со вашата поддршка голем број студенти успешно ги завршиле студиите. Ве поттикнувам да продолжите со промовирањето и поддршката на младите генерации за да можат да се соочуваат со предизвиците на животот, вдахнувајќи се од евангелската чувствителност и од верата. Образованието на младите е голема инвестиција за иднината, на младите никогаш не треба да им се украде надежта во иднината – предупреди Папата и потсети на заврштекот на Јубилејот на милосрдито.

Јубилејната година нѐ поттикна на размислување за големината на Божјото милосрдие, токму кога човекот мисли дека е врховна власт, верувајќи дека сѐ зависи од него. Како христијани напротив свесни сме дека сѐ доаѓа од Бог и дека вистинското богатство не се парите кои можат да нѐ претворат во робови, туку Божјата љубов која нѐ ослободува – рече Светиот Отец.

Истакнувајќи дека сѐуште се сеќава на патувањето во Полска каде што во текот на Светскиот ден на млади ја искусува радоста на верата, рече дека свети Иван Павле II и света Фаустина се полски великани, апостоли на Божјото милосрдие. Во енцикликата „Богат со милосрдие“ светиот Папа пишува: Исус особено со својот живот и со своето делување покажува дека во светот во кој живееме е присутна делотворна љубов која се обраќа на човекот и го прегрнува сето она што ја прави неговата човечност. Таа љубов посебно се покажува во допирот со страдањето, неправдата, сиромаштвото и кревкоста, физичка и морална – потсети Папата и додаде:

Света Фаустина во својот дневник наведува еден поттик кој Исус ѝ го упатува: „Ќерко моја гледај го моето милосрдно срце па во своето срце и во своето делување уприсутни ја неговата љубов, така што таа да те запали и тебе која на светот му го навестуваш моето милосрдие.“ Нека зборовите и посебно примерниот живот на овие двајца светли сведоци секогаш го вдахнуваат вашето великодушно заземање. Нека ве чува и следи Дева Марија Мајка на милосрдието. Од срце ве благословувам вас и вашите семејства и заедници, а ве молам да се молите за мене – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот