Папата се сретна со членови на здружението Pro Petri Sede

Папата се сретна со членови на здружението Pro Petri Sede

На 16 февруари 2018 година, во Ватикан, папата Фрањо ги прими членовите на здружението Pro Petri Sede, кои беа на поклоничко патување на гробот на апостол Петар за да ја потврдат својата вера и да ја обноваа во своето послание љубовта кон ближниот.

Вашата посета се случи на почетокот на Великиот пост кое е соодветно време повторно да се фокусирате на центарот на католичката вера и на посланието на Црквата во која секој крстен човек мора да учествува – рече Папата и продолжи: Свесни дека светот е обележан со рамнодушност, насилство, себичност и песимизaм можеме денес да се запрашаме, дали тој страда од недостатокот на љубов, дали во срцата или во односите со Бог и со другите? Тоа е прашањето кое го поставив во пораката за Великиот пост за 2018 година; дали згаснала љубовта во нашите срца? – потсети Папата и истакна: Има смисла да се погледне вистината во лице! И да се користиме со средствата кои во Црквата ни ги дава самиот Бог.

Молитвата повторно нè става на патот на вистината за нас самите и за Бог – рече Светиот Отец. Постот ни дава можност да ги делиме приликите на многу луѓе кои се соочуваат со неволјата од гладот и нè прави повнимателни кон ближните; а милостињата е благословена можност за соработка со Божјата Провидност за благосостојбата на нејзните деца. Ве повикувам да направите милостињата да стане начин на вашиот живот и да истраете во конкретната помош на оние на кои им е потребна. Вашата должност секогаш бара да бидете подготвени, освен со материјална помош да давате топлина за другите да се чувствуваат прифатени и вниманието, почитта и братството, без кои никој не може повторно да се охрабри и одново да се надева на иднината.

Сакам повторно да ви го искажам своето почитување и охрабрување за вашето послание – нагласи папата Фрањо – повикувајќи ве секојдневно да го носите во личните и заедничките молитви, сеќавајќи се на луѓето кои ги поддржувате. Дел од вашето послание исто така е да ги доверувате на Господ и така да го градете црковното заедништво, затоа што сите сме деца на истиот Отец. Со великодушниот дар кој го давате на Петровиот наследник придонесувате за посланието на Црквата во пружењето поддршка на секој човек, посебно на најсиромашните и оние кои изгубиле сѐ заради присилното иселување. Ви благодарам во нивно име за вашата помош и за духовната близина.

Го молам Господ да ги преобрази нашите срца за да расте на земјата љубовта, и конечно да престанат конфликтите кои се причини за безбројни зла. Нека вашето ходочастие ја зголеми во вас љубовта, како и желбата секој ден да ја исповедате својата вера и да ја сведочите таму каде што живеете – поттикна на крајот Папата и заврши: Исто така ве повикувам да се молите за младите, за следната синода која е посветена на нив да овозможи повторно будење на свештенички и монашки знања во вашите земји.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот