Милосрдие и Љубов – напишани со големи букви, се најсуштинските особини на човекот, создадени според Божјиот образ, а со самото тоа и јазикот кој најмногу нè обединува. Божествениот начин на љубов може да биде патоказ за работата на Каритас, чии вработени во шпанскиот огранок денеска се сретнаа со папата Фрањо по повод нивната 75-годишнина од основањето.
„Навистина, ако Христос нè повика на заедништво со Бога и со нашиот брат, вашите напори се насочени токму кон враќање на тоа единство што понекогаш е изгубено во луѓето и заедниците“, рече Папата потсетувајќи на некои од напорите кои ги предлага Каритас.
Да се отворат патишта за обнова
Пред сè потребно е да се „работи со капацитетите и можностите што ги придружуваат процесите“. Навистина, рече Папата, резултатите не се оние кои нè движат или исполнувањето на програмираните цели, туку да се дојде пред човекот кој е скршен, кој не го наоѓа своето место и да биде прифатен: да му ги отвориме патиштата на обнова за да може да се пронајде себеси, да си го најде своето место и да се отвори за другите и за Бога.
Дарување на самиот себе
За отворање кон другите, потребен е вториот предизвик предложен од Каритас – „да се спроведат значајни активности“. Не се доволни гестовите со цел „извлекување од неволја“, туку кои поттикнуваат вистинска промена кај луѓето, нагласи Светиот Отец.
„Сиромашните секогаш треба да се примаат, придружуваат и интегрираат. Убава е тоа работа. Но, Исус преку својот живот и дело јасно ни кажува дека не е доволно да се „дава“, треба „да се даруваме самите себе“.
Христовата подадена рака
Последниот предизвик е поврзан со претходниот, настојувањето да се биде „канал за делување на црковната заедница“. Црквата, како таинствено тело Христово, го продлабочува своето делување во својата историја, па затоа Каритас се нуди како подадена рака што му припаѓа на Христос кога ја подаваме на оние на кои им требаме, а во исто време ни овозможува да се приближиме до Христос кога нашиот ближен страда, истакна Папата.
Да не заборавиме дека единствениот пат кога ни е дозволено да погледнеме на некој човек од високо е кога треба да му помогнеме за да стане, а потоа никогаш повеќе“.
„Да се биде канал“ не е само поуредено управување со ресурсите или просторот во кој се исполнува одговорноста на таа чувствителна црковна мисија. Да се биде канал, истакна папата Фрањо, пред сè треба да се сфати како можност – која секој треба да ја искористи – да го имаме тоа единствено и неопходно искуство на кое нè повикува Господ кога вели: Сакаш ли да знаеш кој ти е ближен? Оди и ти прави така“.
Да се приближиме, истакна Папата надвор од неговиот подготвен говор, при што предупреди на опасноста од паѓање во „каритативен бизнис“, каде повеќе од половина од средствата одат за работниците.
Ватикан њуз/к.мк