Папата се сретна со пасторот Џовани Траетин
Светиот Дух дава различности, но и единство во Црквата – рече папата Фрањо на средбата одржана во понеделникот на 28 јули во пентакосталната црква Помирување во Касерта каде што го посети пасторот Џовани Траетин, својот пријател уште од времето додека беше во Буенос Аирес, а кој веќе со години исто така многу се зазема за екуменизмот. На средбата учествуваат околу 200 луѓе, поголемиот дел пентакосталци од Италија, САД, Аргентина и други земји.
Тоа беше прекрасна семејна средба на папата Фрањо и неговиот пријател пастор заедно со неговата заедница. Беше многу трогателен поздравот на пасторот Траетин прекинуван со аплаузот на присутните. Драги папата Фрањо, мој сакан брате – рече пасторот – голема е нашата радост поради вашата посета; тоа е голем и неочекуван дар, сѐ до неодамна и незамислив. Во очите на децата и старите луѓе, младите и семејствата можете да видете дека Ве сакаме! – рече пасторот Траетин и додаде дека многу евангелисти секој ден молат за него. И после сѐ – рече – толку е лесно да ве сакаме.
Пасторот Траетино – кој на 1 јуни учествуваше на средбата на Папата со здружението Обнова во Духот на Олимпискиот стадион во Рим – потсети на напорот кој папата Фрањо го вложи за повторно по посетата на тој град во сабота, да дојде во Касерта и истакна: „Со луѓето како вас има надеж за нас христијаните!“ Зборувајќи потоа за единството на Црката заснована на Исус Христос рече дека центарот на нашиот живот е да бидеме во Исусовата присутност и дека верата е лична средба со Него.
Светиот Отец пак од своја страна зборуваше за различностите кои не се делење и истакна дека Светиот Дух дава различности во Црквата, а таа различност е толку богата, толку прекрасна; но потоа тој ист Дух Свети дава единство. Така Црквата е една во единството – рече Папата користејќи ги зборовите на еден многу драг верник, рече дека таа различност е помирена по Светиот Дух.
Единството не е едноличност – истакна Папата – бидејќи Светиот Дух прави две работи: различност на каризмата, а потоа согласност со каризмите. Екуменизмот е всушност настојување Светиот Дух да ја усогласи таа различност и таа да стане единство – рече Светиот Отец, а потоа како пастир на католиците побара простување за законите донесени во минатото против протестантите, бидејќи се иницирани од католиците. Потоа одговори на оние кои се изненадиле заради тоа што Папата отишол да ги посети пентакосталците. Но, со тоа возвратил на посетата во која што тие дошле кај него во Буенос Аирес. Некој ќе се зачуди, па ќе каже: Папата отиде кај евангелистите. Но – додаде папата Фрањо – отиде да ги посети браќата! Ви благодарам вам и ве молам да молете за мене, тоа ми е потребно… – рече на крајот Светиот Отец.
РВ/Д.И.