Папата се сретна со кардинал Пел, му заблагодари за неговото сведоштво. Во април оваа година Вишиот австралиски суд едногласно го ослободи од обвинувањата, па така кардиналот после повеќе од 400 дена го напушти затворот.
Папата Фрањо на 12 октомври 2020 година се сретна со кардинал Џорџ Пел, на кого му заблагодари за неговото сведоштво. Тој 79- годишен австралиски кардинал, поранешен префект на Секретаријатот за економија при Светиот Престол на таа должност беше од 2014 до 2019 година, а минатата седмица се врати во Ватикан. Го напушти Ватикан во јули 2017 година поради судски процес заради обвинување за злоупотреба на малолетници. Папта му одобри време за отсуство како би се бранел од обвинувањата. Во април оваа година Вишиот австралиски суд едногласно го ослободи од обвинувањата, па така кардиналот после повеќе од 400 дена го напушти затворот.
Ватикан њуз/к.мк
Број на статија и слика: 9986