Папата се обрати на припадниците на Швајцарската гарда

Папата се обрати на припадниците на Швајцарската гарда

Папата Фрањо на 6 мај 2017 година се сретна со Швајцарската гарда по повод одбележувањето – како што тој вели – болниот, но истовремено и славен настан, кој се случил на 6 мај 1527 година.

Тогаш платеничките чети на царот Карло V го заземале и ограбиле Рим. Бранејќи го повлекувањето на папата Климент VII во Ангелската тврдина. Од сите 189, животот го загубиле 147 гардисти. Новоизбраните гардистите во спомен на своите славни претходници, во салата Сан Дамаско, секоја година на тој датум, полагаат свечена заклетва на Папата.

Светиот Отец најпрво на сите им изрази добредојде и ги поздрави припадниците на Швајцарската гарда – посебно ново избраните – кои беа опкружени со своите семејства, за заеднички да го одбележат овој историски настан. Тоа зборува – како за искрената посветеност на швајцарските католици на Светиот Престол, така и за примерниот живот преку кој родителите на своите деца, им ја предале верата односно вредноста за припадност на христијанската заедница и значањето на црковната служба – рече Папата.

Во својот наговор до припадниците на Стражата, Светиот Отец рече дека денес од нив не бара да го принесат својот телесен живот, но се повикани на не помала жртва: да служат на моќта на верата, бидејќи верата претставува панцер и заштита против различните земски сили и моќ – а посебно против „кнезот на овој свет“ и „таткото на лагата“, кои како „лав кој рика обиколува барајќи некој да го проголта.“

„Вашето присуство во Врквата и важната служба во Ватикан е можност за раст во „Христови војници“. Ходочасниците и туристите кои ве среќаваат, остануваат поучени, откривајќи во вас – покрај рамнотежа, прецизност и професионална сериозност – и великодушно христијанско сведоштво и светост на животот. Нека ова последното биде првата ваша грижа“ – посака Светиот Отец.

Освен тоа, Папата посака членовите на Гардата, времето на своето служење во Рим да го поминат во искрено братство, поддржувајќи се едни со други, спроведувајќи примерен христијански живот, кој нека произлегува и се вдахнува од верата. Вашата служба – рече папата Фрањо – извира од Крштението кое ви овозможува да ја сведочите верата во Христос, умрен и воскреснат, таму каде што Провидноста ќе ве постави.

Папата членовите на Швајцарската гарда ги поттикна да се почувствуваат за активни членови на големиот Божји народ, кои се заземаат во сведочењето на Евангелието, за време на својата служба, како и во слободното време, а тоа се случува – смета Папата – преку малите, секојдневни гестови, при што е важно да му се даде едно – секогаш ново – значење. Внатре тоа се врши преку хармонијата меѓу вас и во заедништво и почитување кон надредените; а надвор пак се изразува, со гостољубивост, љубезност и трпение – рече папата Фрањо.

Времето на својата служба во Рим, младите припадници на Ватиканската гарда, можат да го искористат и за свое културно воздигнување и духовен раст. Интересно е да се поминува Рим следејќи ги стапките на толку светци и светици кои живееле во градот, што нивната служба сигурно ќе ја збогатат со многу плодови – рече Светиот Отец.

Заблагодарувајќи им се за нивното исклучително извршување на доверените им задачи за служење на Папата и Ватикан, папата Фрањо и самиот се препорача во нивните молитви и за нив повика заштита од Пресвета Дева Марија, како и од нивните заштитници: свети Мартин, свети Себастијан и свети Никола (од Flüe) и на крајот од аудиенцијата им го подели својот Апостолски балгослов.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот