Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, папата Фрањо ја изразува својата блискост со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими и ранетите во неодамнешниот атентат во резиденцијата на овој политички лидер.
Папата изрази солидарност со ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, кој остана неповреден во обидот за атентат на 7 ноември врз неговата резиденција во таканаречената Зелена зона во Багдад. Зградата била погодена од дрон наполнет со експлозив. Во нападот се ранети неколку телохранители на шефот на ирачката влада до кои Папата испрати телеграма, потпишана од државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.
По нападот на вашата резиденција во Багдад – се вели во текстот – Папата сака да ја покаже својата близина во молитвата. Тоа се чувствата кои Папата ги изразува и кон семејството на политичкиот лидер. Осудувајќи го овој гнасен чин на тероризам, папата Фрањо уште еднаш изразува надеж дека, со Божји благослов, ирачкиот народ мудро и решително ќе тргне по патот на мир преку дијалог и братска солидарност – се вели во телеграмата на Папата.
Ватикан њуз/к.мк