Папата се моли за убиените ученици во Камерун

Папата се моли за убиените ученици во Камерун

Се придружувам на болките на семејствата на малите деца кои брутално се убиени минатата сабота во Кумба – Камерун. Останав згрозен од тој брутален и безумен чин со кој се прекинати животите на невините дечиња за време на наставата во училиште – рече папата по завршувањето на катехезата за време на Генералната аудиенција во среда 28 октомври 2020 година

.

Бог нека ги просветли срцата никогаш повеќе да не се повторат вакви дела и за страдалниот регион на Северозападот и Југозападот на земјата конечно да се изнајде мир. Се надевам дека оружјето ќе замолчи и ќе се гарантира безбедност на сите и прво на секоја млада личност на образование и иднина. Искажувам сочувство до семејствата, до градот Кумба и цел Камерун и молам за утеха, која може само Бог да ја даде.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот