Папата се моли за жртвите од земјотресот во Индонезија

Папата се моли за жртвите од земјотресот во Индонезија

Папата после пладневниот наговор на 30 септември 2018 година изрази близина до сите кои ги погоди земјотресот во кој според последните податоци загинаа повеќе од 830 луѓе, а некои подрачја на остоворот Сулавеси сѐ уште не се достапни.

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо ја изрази својата близина на жителите на островот Сулавеси во Индонезија, кој во петокот го погоди силен земјотрес, а потоа и цунами. Се молам, за жал, за големиот број загинати, како и за ранетите и за сите кои го загубија домот и работата. Нека Господ ги утеши и поддржи напорите на оние кои се ангажираат во давањето помош – рече Папата и ги поттикна сите присутни на плоштадот Свети Петар заедно со него за нив да измолат Радувај се Маријо.

Бројот на настраданите во пораст

Според податоците на локалната цивилна заштита загинати се најмалку 832 луѓе. Меѓутоа и тој број е привремен, затоа што податоците се однесуваат само на градот Палу, сместен на околу 80 километри од епицентарот на земјотресот со магнитуда од 7, 5 кој го уништи и поплави централниот дел на островот.

Некои области сѐ уште се недостапни

Сѐ уште не е можен пристап до крајбрежните области на северот на островот и до градот Донгала кој е уште поблиску до епицентарот и кој особено го оштети првиот од двата силни земјотреси. Во ноќта помеѓу петокот и саботата следуваа уште 30 послаби земјотреси кои евакуираното население го оставија без електрична енергија, телефонска врска и најмногу оневозможија враќање во нивните домови. Состојбата уште повеќе ја влошија брановите високи шест метри кои поплавија 800 села, од кои уште е тешко да се добијат официјални вести.

Ангажирањето на Каритас

Каритасите на бискупиите Манадо и Макасар кои се најблиску до погодените подрачја, ги испраќаат своите екипи за вонреди сосотојби. Настојуваме да добиеме повеќе информации но не е лесно – рече отец Бану Курнианто, директор на Индонезискиот Каритас, напоменувајќи дека и локалните власти сѐ уште собираат податоци за да ја обезбедат најитната помош. Каритас е подготвен за испраќање помош и волонтери од други бискупии, но засега се знае многу малку затоа што недостатокот на струја и телефонски врски не дозволуваат да се контактираат парохиите на тоа подрачје. Се плашам дека ќе дојде до драматично зголемување на бројот на загинатите, а ниту за материјалната штета не знаеме ништо – рече отец Бану.

Блажен Жан-Баптист Фуке

Светиот Отец во наговорот го спомна и дијацезантскиот свештеник Жан-Баптист Фуке кој денес во Марсеј е прогласен за блажен, а кој цел живот бил капелан. Убав пример за кариеристите! – истакна Папата и потсети дека новиот блажен живеел помеѓу XIX и XX век, а започнал голем број социјални дела во корист на млади, стари луѓе, сиромашни и болни.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот