По молитвата Ангел Господов на 9 јануари 20202 година папата Фрањо ја изрази својата тага поради бројните жртви на протестите на улиците во Казахстан.
Папата Фрањо рече дека е тажен поради веста за бројните жртви и рече дека се моли за нив и нивните семејства. Светиот Отец изрази надеж за повторно откривање на општествената хармонија преку дијалог и правда и го довери народот на Казахстан на Дева Марија, Царица на мирот.
Протестите во Казахстан започнаа како одговор на поскапувањето на горивата, но прераснаа во незадоволство кон владата и поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. Според Асошиејтед прес, повеќе од 150 луѓе се убиени, а скоро 5.800 приведени за време на протестите.
Ватикан њуз/к.мк