На крајот од Генералната аудиенција во среда 25 август 2021 година, папата Фрањо упати повик, кој се совпаѓа со почетокот на Параолимписките игри во Токио. Исто така потсети и на 5. годишнината од катастрофалните земјотреси во централна Италија.
Поздравувајќи ги поклониците присутни Генералната аудиенција во салата Павле VI во Ватикан, Светиот Отец не заборави да истакне дека Параолимписките игри започнаа ден претходно во главниот град на Јапонија, Токио. „Им испраќам честитки на спортистите и им благодарам што на сите им дадоа пример за надеж и храброст. Всушност, покажуваат дека спортските напори помагаат во надминување на тешкотиите, кои изгледаат ненадминливи“, рече Петровиот наследник.
Присуството на поклоници од Монтегало, кои пред 5 години, на 24 август 2016 година, беа погодени од разорниот земјотрес што ја погоди централна Италија, беше можност Папата да се обрати до сите погодени и заедници во регионот, вклучително и Акумоли и Аматриче. Со конкретна помош на институциите, неопходно е да се даде доказ за „заживување“ без да подлегне на обесхрабрување. Ги повикувам сите да продолжат напред со надеж, посака Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк