Папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта истакна дека присвојувајќи си го дарот на служење, себе се ставаме во центарот и го претвораме во функција. На тој начин го губиме срцето за свештеничко и епископско служење.
Свештеничкото служење е дар од Господ кој нас нѐ погледнал и ни рекол „следи ме“ – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 19 септември и истакна: Тоа е повеќе дар од што е служба, функција или договор за работа. Папата на сите присутни меѓу кои беше и кардинал Едоардо Меничели надбискуп на Анкона во пензија која е на прагот на 80 година од животот и ја слави 25 годишнината од епископското ракополагање, ги повика да размислуваат за првото читање од денешната Литургија од Посланието до Тимотеј, фокусирајќи се на зборот „дар“, на служењето како дар кој треба да се контемплира, следејќи го советот на свети Павле до младиот ученик: „Не занемарувај го дарот што е во тебе.“
Служењето не е договор за работа – рече Светиот Отец и напомена: Тоа не значи дека ние мора нешто да правиме. „Да се прави“ е во втор план. Мора да го примиме дарот и да го чуваме како дар и од таму, од контемплацијата на дарот сѐ произлегува. Кога забораваме на тоа, се поставуваме како сопственици на дарот и го претвораме во функција, и на тој начин се губи срцето за служење; се губи Исусовиот поглед кој сите нас нѐ гледал и рекол: „следи ме“; се губи и бесплатноста.
Од недостатокот на контемплирање за дарот и служењето како дар произлегуваат сите застранувања кои ги познаваме; од најлошите кои се страшни до оние секојдневните кои во центарот на служењето нѐ ставаат нас самите, а не во центарот на нашата благодарност за дарот и во љубовта кон Оној Кој ни ја дал службата како дар – рече папата Фрањо и потсети: Тоа е дар кој ни е подарен со пророчките зборови и со полагањето на рацете на свештениците и важи за сите епископи и свештеници. Важно е да се разгледува и контемплира на дарот на служењето како дар, а не како фунција. Да го правиме она што можеме со добра волја, со сопствениот памет, па и лукаво, но секогаш чувајќи го тој дар.
Да се заборави дека дарот мора да биде во центарот тоа е човечки – рече Папата и објасни: Во Евангелието според Лука фарисејот го поканува Исус во својата куќа заборавајќи многу правила за гостољубивост и за даровите. Исус го предупредува на тоа, покажувајќи на жената која подарила сѐ што домаќинот заборавил: вода за миење на нозете, бакнеж за добредојде и помазувањето на главата со елеј. Бил добар човек и фарисеј, но го заборавил дарот на почитувањето и заедничкиот живот што исто така е дар.
Даровите секогаш се забораваат кога зад нив се крие некоја корист и кога мислиме дека мора да го направиме ова или она – рече Светиот Отец и истакна: Постојано мислиме дека нешто мора да направиме. Да, мораме, свештениците мора да извршуваат одредени работи, но првата наша задача е да го навестуваме Евангелието. Потребно е да го чуваме и да го држиме во центарот затоа што Евангелието е изворот од каде доаѓа тоа послание кое е токму бесплатен примен дар од Господ.
Нека Господ ни помогне да го чуваме тој дар, својата служба пред сѐ да ја гледаме како дар, потоа како служење, за да не ја уништиме и за да не станеме црковни службеници претприемачи и многу работи да нѐ не одалечуваат од контемплацијата за дарот и од Господ кој ни го дал дарот на црковната служба. Таа е милоста која на крајот од проповедта во домот Света Марта, папата Фрањо се молеше за сите, а посебно за оние кои слават 25 годишнина од ракополагањето.
Ватикан њуз/к.мк