Харизамата на свети Игнациј Лојолски е харизма на служење на границите на Црквата и на светот таму каде е потребно да им се помога на луѓето за да го сретнат Господ. Се работи за служба која се одвива под водство на Папата.
Свети Игнациј Лојолски како млад војник мислел на својата слава, но подоцна бил привлечен од Божјата слава која му ја дала смислата на животот – рече папата Фрањо во пораката која ја објави на Твитер, на 31 јули 2019 година. Исусовците чувствуваат посебна поврзаност со папата Фрањо кој исто така е исусовец, но Дружбата Исусова од своето основање секој Папа го смета за свој поглавар – рече за Радио Ватикан отец Федерико Ломбарди претседател на Управниот одбор на ватиканската фондација Јозеф Ратцингер, по повод празникот на свети Игнациј којсе слави на31 јули и истакна три главни точки на актуелниот понтификат: Црква која излегува, расудување и синодалноста која го симболизира народот на патот, под водството на Светиот Дух.
Исусовците ја живеат харизмата на свети Игнциј во смисла на служење, следејќи Го Исус и обидувајќи се да Го наследуваат во светот на најреален и најдлабок начин – рече отец Ломбарди и напомена: Тоа значи да се помага на луѓето да го запознаат Евангелието и добро да го насочат својот живот. Ангажираноста за мисиите како што се Кина, Индија, Латинска Америка и спојот на верата и културата, ги поттикна Исусовците на основање и водење на многу универзитети и училишта во целиот свет. Делуваат на перифериите на светот, а во последно време посебно меѓу мигрантите. (…)
Осврнувајќи се на делувањето на Дружбата Исусова во минатото патер Ломбарди рече дека не постои специфична и исклучива активност која Исусовците ја извршуваат. Сигурно дека ангажираноста за мисиите како што се во Кина, Индија и Латинска Америка со редукции претставува многу голема епопеја на навестувањето на Евангелието, како и на полето на воспитувањето и образованието. Во првите векови од свето постоење Дружбата Исусовци по целиот свет имала свои колегиуми, училишта и универзитети. Во последно време, Дружбата се фокусира на верата која делува на подрачјето на правдата, на перифериите на светот и во најтешките ситуации. Денес многу е важна службата на Исусовците за бегалците и мигрантите која се однесува на самите почетоци на Дружбата Исусовци. Но, таа стана значајна димензија која многу добро се поврзува со перифериите за кои зборува папата Фрањо.
Папата Фрањо е Исусовец, тој го вели тоа и како таков се пропознава и чувствува. Исусовците чувствуваат дека на посебен начин се поврзани со него, затоа што се чувствуваат како луѓе кои се испратени да Му служат на Господ на крајните граници на светот, на перифериите и во сите делови во светот. Секогаш чувствуваат дека мора да одат понатаму, дека Господ ги повикува чекор понатаму. Расудувањето е поим на кој папата Фрањо често се враќа, а кој Исусовците го користат во сложена ситуација за да видат кој е најдобриот пат за остварувањето на Божјиот план, а тоа значи и за остварувањето на себе во својот повик и во служењето на Црквата. Исусовците се чувствуваат во хармонија со Светиот Отец, но не бараат никакви привилегии, туку сакат само да Му служат во онаа што од нив бара Папата и среќни сме што можеме да му служиме на најдобриот начин – заврши отец Федерико Ломбарди.
Ватикан њуз/к.мк