Папата: Рим е универзален град, јубилејот нека ги подобри пристојноста и услугите и нека ја приближи периферијата
На 10 јуни 2024 година, папата Фрањо го посети Римскиот Капитол, потсетувајќи се на историјата на Градот, поттикна дека тој продолжува да го покажува „своето вистинско лице“, гостопримлив, пријатен, дарежлив: огромниот прилив на ходочесници, туристи и мигранти не треба да се смета товар; секој проблем на Рим е во облик на неговата големина и од кризен фактор може да стане развој. Папата се заблагодари на италијанската влада за целосната подготвеност да соработува со црковните власти за успешна прослава на Светата Година
Град со „универзална“ привлечност, дом на Папите и царевите, колевка на цивилизацијата и прифатилиште на луѓе од целиот свет. Чувар на уметничките богатства и грандиозните траги од минатото. Седиште на Парламентот, меѓународни договори, Олимписки игри и јубилеи, не само оној на која ќе биде домаќин во 2025 година и за кој се надева дека ќе го подобри изгледот и ефикасноста на јавните услуги во целосна соработка меѓу Светиот Престол и италијанската влада.
Со овие зборови папата Фрањо ја истакна големината на градот Рим, но не ги заборави проблемите и тешкотиите на тој град – како што рече – „единствениот во светот“ во однос на неговата привлечност и неговата одговорност кон Италија, Црквата, целото човечко семејство. Ова го истакна Папата на 10 јуни 2024 година, при посетата на институционалниот центар на Рим, Капитол, говорејќи во салата Јулиј Цезар пред општинските советници и градоначалникот Роберто Гуалтиери. Ова е трета посета на папата Фрањо по посетата во 2019 година и онаа во 2020 година – иако ограничена само на плоштадот – по повод молитвената средба за мир која ја иницираше Заедницата Свети Егидио.
Поглед кон јубилејот
Посетата на Папата се случи шест месеци пред отворањето на Светата врата, со која ќе започне одбележувањето на јубилејот, настан – како што објасни Светиот Отец – од верска природа, но кој може позитивно да се одрази на самото лице на градот, подобрувајќи го неговиот изглед и правејќи ги јавните услуги поефикасни не само во центарот, туку и поддржувајќи го приближувањето меѓу центарот и предградијата. Во исто време, Папата охрабри да не се губи духот на милосрдие, прифаќање и гостопримство, кои со векови го карактеризира Рим, град со „универзален повик“.
Приближување на центарот и предградијата
Размислувањето за Светата 2025 година, за време на која илјадници ходочесници и туристи ќе пристигнат во Рим, беше во центарот на говорот на Папата, почнувајќи од илјадагодишната историја на градот – најстарата и најновата.
Следниот јубилеј ќе може позитивно да се одрази и на лицето на самиот град, подобрувајќи го неговиот изглед и правејќи ги јавните услуги поефикасни, не само во центарот, туку поттикнувајќи поблиски односи меѓу центарот и предградијата.
Соработка со Владата и администрацијата на Капитол
Ова е голем настан што е незамисливо да се одржи во ред и безбедност без активна и дарежлива соработка на властите на римската општина и државните власти – рече Папата и се заблагодари на италијанската влада за целосната подготвеност да соработува со црковните власти со цел успешно одбележување на јубилејот, потврдувајќи ја желбата за пријателска соработка што ги одбележува меѓусебните односи меѓу Италија и Светиот Престол.
„Не“ за односите поврзани со пари, туку за луѓето
Во врска со оваа соработка, Папата веднаш сакаше да појасни, истакнувајќи дека подлоста може да не наведе да мислиме дека односите се за пари; сепак, не, тие се споредни, односите се заради луѓето – истакна Светиот Отец, а присутните со аплауз ги поздравија неговите зборови.
Овие односи ќе бидат уште поочигледни во јубилејната година. Во годината која – се надева Папата – ќе биде можност да се обнови универзалниот дух на Рим, во служба на милосрдието, во служба на прифаќањето и гостопримството, на кои – како што рече – „вистинските“ сведоци ќе бидат ходочесниците, туристите, мигрантите, сиромашните, осамените луѓе, болните, затворениците и исклучените. Еве зошто – додаде Папата – одлучив да отворам Света врата во еден затвор.
Нека сведочат дека власта е целосно таква кога се става во служба на сите, кога ја користи својата легитимна моќ за да излезе во пресрет на граѓаните, особено на најслабите, најмалите.
Прифаќање луѓе од целиот свет
Рим нека продолжи да го покажува своето вистинско лице, пријатно, гостопримливо, дарежливо, благородно лице – поттикна Папата. Огромниот прилив на ходочесници, туристи и мигранти не треба да се гледа како товар, товар што го забавува и го нарушува нормалниот тек на нештата; напротив тоа е можност: секој проблем на Рим е во облик на неговата големина и, од кризен фактор, може да стане можност за граѓански, социјален, економски и културен развој.
Огромното културно и историско богатство лоцирано на ридовите на Рим е чест и обврска на неговите граѓани и неговите управители и очекува да соодветно да се цени и почитува.
Преродба
Да не заборавиме дека почетоците на Рим беа преродба меѓу урнатините на Троја – истакна тогаш Папата. Кај сите нека се прероди свеста за вредноста на Рим, за симболот што тој го претставува на сите континенти; и нека се потврди меѓусебната успешна соработка меѓу сите власти што се таму активни; нека расте, за заедничко и упорно дејствување, што го прави уште подостојни за улогата што му ја додели судбината, или подобро, промислата – посака на крајот папата Фрањо.
Ватикан нуз/к.мк