Одговарајќи на новинарско прашање во саботата, 2 април, за време на летот од Рим за Малта, папата Фрањо рече дека размислува да ја прифати поканата од украинскиот претседател Володимир Зеленски да отпатува за Киев, објави Катпрес.
„Да, тоа е на маса“, им рече Светиот Отец на новинарите во саботата. Покрај украинскиот претседател Зеленски, папата во Киев беше поканет и од градоначалникот на Киев Виталиј Кличко, големиот архиепископ Киевско-халички Свјатослав Шевчук и украинскиот амбасадор во Светиот Престол Андриј Јураш.
Според нунцијот во Украина Висвалдас Кулбокас, ваквата посета во моментов не е можна од безбедносни причини. Надбискупот Кулбокас во интервју рече дека не е во прашање само безбедноста на Папата, туку и луѓето со кои ќе се сретне.
Папата Фрањо изутринава ја започна апостолската посета на Малта.
Ватикан њуз/к.мк