Папата Фрањо заедно со членовите на Римската курија, на 18 февруари попладне замина во домот „Божествениот Учител“ во Аричи место недалеку од Рим каде ќе учествува на духовните вежби на тема „Пофалба на жедта“ кои ќе завршат во петок, 23 февруар0 2018 година.
Размислувањата ги подготви 53-годишниот Хозе Толентино де Мендонка свештеник од Португалија, меѓународно познат теолог, поет и писател.
Духовните вежби зпочнаа на 18 февруари, во 18.00 часот со вовед, Обожавање на Светото Причастие и Вечерна молитва. Наредните денови ќе започнуваат со литургиско славење по што ќе следува првото размислување. Попладне ќе биде второто размислување, потоа Вечерната молитва и евхаристиското обожавање. Последниот ден, во петкот на 23 февруари е предвидено само едно размислување.
Бог не е само некоја загатка, само нешто невидливо – рече отец Толентино во разговор за Радио Ватикан. Во Исус Тој се направи близок до нас. Заради тоа мислам дека во духовните вежби најважно е токму тоа да останеме отворени пред таа близина – истакна проповедникот. Зборувајќи за размислувањата рече дека ќе има говори и за перифериите, тема која посебна му е мила на папата Фрањо, затоа што – истакна – Христос исто така беше – како што рече – перифериски, сокриен глас. Освен тоа денешните христијани се израз на христијанството кое не е повеќе централно, градско и западно. Затоа повикот на отец Толентино е да се сврти вниманието на периферијата која ја смета за најитен предизвик за денешната Црква која Исусовата жед треба повторно да ја стави во центарот на срцето на христијанството кое чука.
РВ/к.мк