Во вторник, 2 јули 2024 година, папата Фрањо во Домот Света Марта прими Сенегалец и Гамбиец, кои напишале книги за одисејата низ која поминале во потрага по нова земја. Мигрантите беа придружувани од капеланот на здружението „Медитеранеа спасување на луѓе“, дон Матија Ферари и основачот на здружението Лука Касарини.
Не е првпат да се одржува ваква средба. И секој пат кога се повторува „големиот час на благодатта“ дон Ферари раскажа што доживеал во „Света Марта“, каде уште еднаш придружувал група мигранти кои сакале да се сретнат со папата Фрањо, односно со нивниот „отец“, како што сите го доживуваат, без разлика на нивната национална или верска припадност, Папата е „пастир на сите“.
Протагонисти на средбата овојпат беа две млади лица Ибрахим Ло, кој доаѓа од Сенегал и Ебрим Кујатех, по потекло од Гамбија, и двајцата се со слични животни приказни. И двајцата имаат напишано книги. Ибрахим ја напиша книгата „Леб и вода“. Од Сенегал до Италија поминувајќи низ Либија“ и уште една друга книга која ја има напишано „Мојот глас. Од бреговите на Африка до улиците на Европа“. Друга приказна со слична содржина е онаа на Ебримам со елоквентен наслов „Јас сум бос“. Предговорот за оваа книга го напишаа надбискупот од Модена Нонатола и бискупот на Карпија, Ери Кастелучи, а поговорот Стефан Крочи, директор на „Мигрантес“, кој исто така присуствуваше на средбата со Папата.
Папата Фрањо сакаше да ги слушне нивните приказни „и им се заблагодари на сите за она што го прават и го живеат, а потоа ги поттикна да одат напред“, рече дон Матија. Покрај младиот човек од Сенегал и Гамбија беше и Пато, кој веќе во ноември 2023 година се сретнал со Папата. Имено, тој е сопруг на Фата и таткото на Марија, кои минатата година починале од жед во пустината, а таа ситуација во која се гушкале била овековечена со фотографија како предупредување на совеста и го обиколи светот.
Ова се приказни за пеколот, но и за надежта и сакаа да му ги предадат на папата Фрањо. Она што беше искусено, вклучително и срдечноста која им беше искажана, покажува колку е вистинито „искуството што е доживеано на море и на копно, односно дека кога помагаме или примаме сиромашни мигранти, тие се оние кои потоа ни помагаат и не спасуваат“, рече дон Матија. Тој, исто така, истакна дека „во љубовта и во братството што се живее со сиромашните, со мигрантите, всушност се доживува спасението“.
Ватикан њуз/к.мк