Папата: „Прави добро во конкретноста“

Папата: „Прави добро во конкретноста“

„Да се преобратиш“ не значи да отидеш кај самовила за да те преобрати со магично стапче – истакна папата Фрањо во својата проповед на светата Литургија на 14 март 2017 година во домот Света Марта, во Ватикан.

Вдахнувајќи се од литургиските читања на денешниот ден, Папата ги повика верниците на конкретно преобраќање и ги поттикна да се откажат од злото и – по упатството на Божјото Слово – да учат да прават добро и тоа во конкретноста, настојувајќи секој ден да бидат подобри отколку претходниот ден.

(исечок од проповедта)

Не е лесно да се прави добро: треба да се учиме на тоа, секогаш и трајно. А на тоа нѐ учи Он. „Учете се“… како децата. На патот на христијанскиот живот, секојдневно нешто учиме. Секој ден треба нешто да направиме; да станеме подобри отколку претходниот ден. Да се оддалечиме од злото и да се учиме на добро: тоа е правилото на преобраќање – рече Светиот Отец.

„Да се преобратиме“ не значи да отидеме кај некоја самовила за таа да нѐ преобрати со своето магично стапче – не! Преобраќањето е еден од и процес. Одењето е оддалечувањето од злото и поука во практикувањето на доброто. Господ овде – иако тоа е многу – ни порачува три конкретни работи: „правда барајте, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.“ Тие се конкретни работи – рече Светиот Отец.

Се учиме да правиме добро на конкретен начин; не со зборови, зборувајќи добро,  туку со делување! Заради тоа Исус во Евангелието кое што го слушнавме, ги укорува поглаварите на Израелскиот народ, за кои вели: „говорат, а не прават;“ не ја познаваат конкретноста. А ако нема конкретност, не може да има ниту преобраќање – објасни папата Фрањо.

Повикувам на преобраќање – оддалечете се од злото и учете се да правите добро. „Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ: Гревовите ваши да се и како бакам, како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур, како волна ќе станат бели..“ „Но јас имам многу гревови…“, не грижи се: „Гревовите ваши да се и како бакам, како снег ќе ги побелам“, тоа е патот на преобраќањето во Великиот пост.

Едноставно: тоа е Отецот кој ни говори; Отецот кој ни сака добро; кој нѐ придружува на патот на преобраќањето: од нас бара само да бидеме понизни: Исус им зборува на водачите на народот: „Кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ – рече на крајот од денешната проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот