Папата во пладневниот наговор после молитвата Ангел Господов на 17 август, се осврна на драматичните кризи во светот меѓу кои ги спомна Либан и Белорусија. Освен тоа поттикна да не се заборават последиците од пандемијата од коронавирусот кои многу поединци и семесјтва ги стави во тешкотии.
После Богородичната молитва Ангел Господов, папата Фрањо повторно повика на мир во светот напоменувајќи дека и понатаму се моли за Либан, како и за другите драматични ситуации заради кои луѓето страдаат. Своите мисли ги посвети и на – како што рече – милата Белорусија. Кажа дека внимателно ја следи состојбата во таа земја по изборот и поттикна на дијалог, отфрлање на насилството и почитување на праведноста и правата. Потоа сите граѓани на таа земја ги довери на заштитата на Пресвета Богородица Царица на мирот.
Поздравувајќи ги римските граѓани и поклониците од разни земји, присутни на плоштадот Свети Петар, меѓу кои беше и група бразилски монаси, Папата ја спомна првата национална седмица на посветениот живот, која е токму во тек во Бразил и посака нејзино успешно одвивање.
Летото е време на одмори, но не смееме да ги заборавиме тешките ситуации кои ги предизвика пандемијата, а посебно невработеност и сиромаштво. Повеќе од 21 милион случаи на зараза од коронавирусот и околу 770 000 починати, тажна е реалноста чии први последици се од општествена природа. Папата затоа своите мисли на крајот од пладневниот наговор ги посвети на тој проблем кој во оваа време на летни одмори би можел да помине во втор план.
Овие денови, денови на одмор нека бидат време за зајакнување на телото, но и на духот преку моменти посветени на молитва, тишина, опуштен контакт со убавината на природата, Божјиот дар. Но, нека тоа не ни дозволи да ги заборавиме проблемите предизвикани од болеста Ковид-19, а во кои се најдоа голем број на семејства кои немаат работа или ја загубиле, и немаат доволно за храна. Нека нашиот летен одмор го следи милосрдие и близина со тие семејства – поттикна на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк