По завршувањето на молитвата Ангел Господов Светиот Отец потсети на 3. Светски ден на сиромашни
После молитвата Ангел Господов во недела 17 ноември 2019 година, Светиот Отец напомена дека вчера во Еквадор за блажен е прогласен отец Емилио Москосо, свештеник од Дружбата Исусова, убиен 1897 година, за време на прогонството на Католичката црква во таа земја. Неговиот пример на понизен монах, апостол на молитва и воспитувач на младите нека биде помош на нашиот пат на вера и христијанско сведоштво – рече Папата и потсети дека денес се одбележува и Светскиот ден на сиромашни, кој оваа година за тема ги има зборовите од 9 Псалм: Надежта на бедните нема никогаш да престане (Псалм 9,18).
Светиот Отец се заблагодари на сите кои во бискупиите и парохиите во целиот свет промовираат иницијативи на солидарност, како и на лекарите и медицинските сестри, кои овие денови волонтираат во здравствените центри за бездомници на плоштадот Свети Петар. Светиот Отец предупреди потоа дека никогаш не смее да недостасува внимание кон нашите браќа и сестри во потреба. На крајот папата Фрањо потсети дека во вторник започнува Апостолското патување во Тајланд и Јапонија и се препорача во молитвите.
Ватикан њуз/к.мк