Папата посети центар за нега на лица болни од Алцхајмерова болест

Папата посети центар за нега на лица болни од Алцхајмерова болест

На 12 април 2019 година во попладневните часови папата Фрањо го посети центарот Вилаџио Емануеле во Рим, во кој се сместени лица болни од Алцхајмерова болест. Штитениците на центарот беа изненадени од посетата.

Светиот Отец заедно со почесниот претседател на фондацијата Рома, професорот Емануеле и сегашниот претседател Франко Парасаси посети повеќе објекти кои се на располагање на штитениците, и на крајот од својата посета на оваа установа и поклони пергамент на кој рачно е напишана поттикнувачка мисса и платно на кое е прикажно Исусовото раѓање.

Вилаџио Емануеле во Рим е населба со околу 100 жители, 14 куќи, плоштад, фонтана, бар, ресторан и игротека. Има фризерски салон, сала за физичка активност и продавници. Тоа е дом за лица со блага и умерена алцхајмерова болест и воедно е првиот центар посветен за ваква целна група.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот