Папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на Генералното собрание на Конгрегацијата за институтите за посветен живот и општествата на апостолски живот, истакнувајќи во обраќањето дека нивната служба се темели на расудувањето и придружувањето.
Сѐ што правиме е во служба на Евангелието, а вие посебно служете на тоа „евангелие“ кое е посветениот живот за навистина да биде евангелие за денешниот свет. Ова го истакна папата Фрањо во обраќањето до 60. членови на ватиканската Конгрегацијата за институтите за посветен живот и општествата на апостолски живот на крајот од нивното Генерално собрание. Не е лесна задачата на луѓето со посветен живот. Заради тоа Папата сака да ја изрази близината на сите кои веруваат во иднината на посветениот живот.
Убавината на дарот на посветениот живот
Присетувајќи се на духот на свети Иван Павле II кога ја свика Спископската синода во 1994 година на таа тема, Папата кажа дека тоа било тешко време за Црквата, со иновациите кои не секогаш имале позитивни резултати (usp. Vita consecrata, 13) и исто така како и денес била актуелна реалноста на пад на бројот на звањата во различни делови на светот. Но, истакна папата Фрањо, пред сѐ преовладувала и понатаму преовладува надежта заснована на убавината на дарот на посветениот живот.
Ова, рече Папата, е клучно: да се фокусираш на Божјиот дар, на бесплатноста на неговиот повик, на преобразувачката сила на неговото Слово и Духот. Светиот Отец поттикна на поддршка на посветените мажи и жени, започнувајќи од ‘деутерономско’ сеќавање, со доверба да гледаат во иднината.
Деутерономско сеќавање
Деутерономско сеќавање истакна Папата се однесува на пораката од Повторениот закон која повикува на сеќавање на сопствената историја, институција, сеќавање на своите корени – што нѐ тера да растеме. Кога ќе го загубиме тоа сеќавање, рече Светиот Отец, тоа сеќавање на чудесата кои Бог ги направил во Црквата, во нашата институција, во нашиот живот, ја губиме силата и стануваме безживотни.
Расудување и придружување
Вашата служба повеќе од било кога порано може да се резимира во два збора: расудување и придружување, рече Папата. Мноштвото сложени ситуации со кои луѓето со посветен живот секојдневно се среќаваат бараат длабинско проучување на историјата во дијалогот со поглаварите на институтциите и со пастирите. Тоа е сериозно и трпеливо дело на расудување кое може да се оствари само внатре во хоризонтот на верата и молитвата, рече Папата, додавајќи и дека кога станува збор за придружувањето треба да се придружуваат новооснованите заедници кои сѐ уште се изложени на автореференцијалноста. Посветениот живот, продолжи Папата, се раѓа во Црквата – расте и може да донесе евангелски плодови само во Црквата, во живот, кој е во заедништво со верниот народ Божји. Затоа е клучно прашањето за расудувањето дали институцијата е способна да се интегрира во животот на Црквата за доброто на сите. (…)
Взаемно слушање
Светиот Отец нагласи и дека взаемното слушање помеѓу Светиот Престол и пастирите и монашките поглавари е важен аспект на синодалниот од. Во поширока и потемелна смисла, би кажал дека посветените мажи и жени се повикани да дадат важен придонес во овој процес – придонес кој црпи или би требало да црпи од позвањето на братството и делењето дали тоа е во животот на заедницата или во апостолското залагање.
Ватикан њуз/к.мк