По молитвата на Царице небесна, Папата потсети на луѓето кои страдаат од последиците на војната и гледајќи во Украина, потсети на денешната традиционална молитва до Пресвета Богородица од Помпеја.
Соочени со лудилото на војната, да продолжиме да молиме секој ден Света Бројаница за мир. Гледајќи го почитуваната икона на Богородица во светилиштето во Помпеја – рече папата Фрањо по молитвата Царице небесна, во недела 8 мај 2022 година и повторно се осврна на народите кои поминуваат низ воената драма.
Токму во овие моменти верниците се собираат околу почитуваната икона на Богородица во светилиштето во Помпеја, за да ѝ се обратат со молитва, која произлегува од срцето на блажениот Вартоломеј Лонг. Клекнувајќи духовно пред Богородица, ѝ ја доверувам големата желба за мир на многу народи кои страдаат во различни делови на светот поради бесмислена трагедија на војната – рече Папата и посебно ја довери Богородица настрадањата на украинскиот народ.
На Пресвета Богородица особено и ги принесувам страдањата и солзите на украинскиот народ. Соочени со лудилото на војната, ве молам, да продолжиме да молиме секој ден света Бројаницата за мир. Да молиме и за водачите на народите, да не го изгубат чувството за народот кој сака мир и добро знае дека оружјето никогаш не го носи – рече Папата.
Ватикан њуз/к.мк