По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 26 јулли 2020 година на плоштадот Свти Петар во Ватикан папата Фрањо повика да внимаваме на нашите сопствени корени, посебно на нашите дедовци и баби.
„На литургискиот спомен свети Јоаким и Ана Исусовите дедо и баба, ги повикувам младите да направат гест на нежност кон постарите лица, посебно оние кои се осамени во своите домови и еста во кои престојуваат, ние кои со месеци ги немаат видено своите сакани.
Драги млади, секоја од тие стари лица е вашиот дедо и баба. Не ги оставајте сами! Употребете ја волшебноста на љубовта, јавете им се телефонски, упатете им видео повик, пратете им порака, слушајте ги и таму каде тоа е можно земајќи ги во предвид здравствените мерки, појдете и посетети ги. Пратете им прегратка. Тие се вашите корени. Стебло отргнато од своите корени не расте, де дава свет и плодови. Затоа е важно да бидете споени и поврзани со сопствените корени. „Расцветаниот цвет кој го дава стеблото доаѓа од она што се крие под земјата“ – вели еден поет од мојата татковина. Затоа ве повикувам, за еден голем аплауз за вшите баби и дедовци.“
Ватикан њуз/к.мк