Поздравувајќи ги верниците собрани на плоштадот Свети Петар, по молитвата Ангел Господов на 12 февруари 2023 година, папата Фрањо изрази жалење за веста која доаѓа од Никарагва, каде бискупот од Матагалпа, монсињор Роландо Алварез Лагос, е осуден на 26 години затвор.
По молитвата Ангел Господов, Папата го упати својот погледот подалеку од плоштадот Свети Петар, кон Никарагва, од каде пристигнува вест дека – како што рече – го жалости, гледајќи наназад на она што се случувало во последните часови во таа латиноамериканска земја, од која се протерани 222 лица, а еден бискуп е осуден на 26 години затвор и ги охрабрува верниците, присутни на плоштадот, да се помолат за нив на Богородица.
Не можам, а да не спомнам за загриженоста за бискупот од Матагалпа, монсињор Роландо Алварез, кого толку многу го сакам, кој е осуден на 26 години затвор, како и на луѓето кои беа депортирани во Соединетите Држави. Се молам за нив и за сите кои страдаат во таа мила земја. И молам за вашите молитви. Да го молиме Господа, исто така, преку застапништво на Пречистата Дева Марија, да ги отвори срцата на политичките лидери и на сите граѓани, искрено да бараат мир кој се раѓа од вистината, правдата, слободата и љубовта, а се постигнува со трпелив дијалог. Заедно да се молиме на Богородица – повика папата Фрањо.
Во пресудата што ја прочита судијата на Апелациониот суд, 56-годишниот монсињор Алварез се нарекува предавник на земјата, осудувајќи го на затвор до 2049 година, под обвинение за „заговор за поткопување на националниот интегритет и ширење лажни вести преку информациско-комуникациските технологии на штета на државата и општеството на Никарагва“.
Латиноамериканскиот бискупски совет, како и бискупи од Чиле и Шпанија, ја осудија и пресудата и протерувањето на политичките противници, предупредувајќи на кршење на човековите права.
Ватикан њуз/к.мк