Папата повика на молитва за мир во Сирија

Папата повика на молитва за мир во Сирија

По завршување на молитвата Ангел Господов папата Фрањо запали свеќа за мир во Сирија

После молитвата Ангел Господов во недела 2 декември 2018 година Папата истакна дека времето за подготовка на Божиќ – Адвент е време на надеж. Потоа ја изрази својата надеж за мир во Сирија, најмногу заради децата измачени од долгогодишната војна во таа земја. Подржувајќи ја иницијативата „50.000 свеќи за мир во Сирија“, која е поттикната од фондацијата со Папско право „Помош на Црквата во неволја“, папата Фрањо запали свеќа и посака тие пламени на надеж да ја растерат темнината на војната.

Молиме и да помогнеме на христијаните да останат во Сирија и Блискиот Исток како сведоци на милосрдието, простувањето и помирувањето. Пламенот на надежта нека допре до сите кои овие денови страдаат од судирите и напнатоста во разни делови на светот. Молитвата на Црквата нека им помогне да ја почуствуваат верната Божја близина и нека ја поттикне секоја совест на искрено залагање за мир – рече папата Фрањо и во таа прилика ги поздрави присутните ходочасници.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот