На почетокот на пладневниот наговор, на 30 април 2017 година, Светиот Отец ги повика собраните верници на молитва за сите земји кои поминуваат низ сериозни тешкотии, посебно спомнувајќи ја Република Македонија.
Во исто време упати апел до венецуелската влада и до сите составни делови на венецуелското општество за да се избегне секое понатамошно насилство, за да се почитуваат човековите права, а решението за тешката хуманитарна криза, општествената, политичката и економската криза да се побара во преговорите.
„Го доверувам мирот, помирувањето и демократијата во оваа земја на Пресвета Боогородица. Да молиме и за другите земји, кои поминуваат низ сериозни тешкотии, во овие денови посебно мислам на Република Македонија“, рече папата Фрањо.