По завршувањето на молитвата Ангел Господов папата Фрањо повика да се моли света Бројаница за мисиите и за мир
После молитвата Ангел Господов, во недела 27 октомври 2019 година, папата Фрањо своите мисли ги упати на либанскиот народ, а посебно до младите кои последните денови протестираат заради општествените, моралните и економските проблеми во земјата. Сите вклучени страни ги повика по пат на дијалог да побараат праведни решенија.
При тоа ги довери на Блажена Девица Марија, Царицата на Либан, со помош на меѓународната заедница, таа земја и понатаму да биде место на мирен соживот и почитување на достоинството и слободата на секоја личност, за доброто на целиот Блиски Исток. На крајот Светиот Отец поттикна да се моли Света Бројаница за мисиите, односно за мисионерите и мисионерките кои се наоѓаат во големи проблеми. Истовремено повика и на молитва на Света Бројаница за мир, затоа што Евангелието и мирот одат заедно – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк