Папата: Повеќе место за жените во животот на Црквата
Итно е на жените да им се овозможи учество во црковниот живот – рече папата Фрањо зборувајќи на претпладневната аудиенција на учесниците на пленеарната седница на Папскиот совет за култура на која се расправаше за женските култури, за еднаквоста и разликите. Зборувајќи за западната култура Папата рече дека дошло време за рамноправност на жената во црковниот и општествениот живот; истакнувајќи ја итноста на предизвиците рече дека со нив не треба идеолошки да се соочува, бидејќи идеологијата пречи на правилното сфаќање на реалноста – рече Светиот Отец.
Неодамна го напуштивме, барем во западната култура моделот на општествено подложување на жената на мажот и моделот на страв и теоретската еднаквост, а постепено ја прифативме реципрочноста и еквивалентност во разликите. Односот маж-жена треба да ја земе во предвид взаемната неопходност бидејќи е идентична природа со сопствени карактеристики. Една на друга се потребни за да се оствари полнината на личноста – рече Светиот Отец.
Зборувајќи за посебностите на жените Папата го истакна пренесувањето и заштитата на животот и незаменливата улога на жената во семејството, верското воспитание, во пасторалот, во образованието како и во општествените, културните и економските рамки. Во таа смисла сакам да зборувам за женската димензија на Црква како за удобно „крило“ кое го обновува животот – рече Светиот Отец.
Зборувајќи за експлоатацијата на жените ги осуди „болните рани кои понекогаш со суровото насилство им се нанесува на жените“: Телото на жената е симбол на животот, за жал често го напаѓаат и нагрдуваат тие кои би требало да го чуват и негуват. Бројните облици на ропство, трговија и осакатување на женското тело нè повикува на борба против злоупотребата на жените – истакна Папата.
Осврнувајќи се на учеството на жената во црковниот живот рече дека и Црквата е „женско“. Мислам дека е итно во животот на Црквата да и се понуди простор на жените, да се прифатат во Црквата, водејќи сметка за посебните и променливите општествени и културни чувства. Затоа е пожелно воочливо и одлучно присуство на жената во заедницата, поголема пасторална одговорност во работата со луѓето, семејствата и групите исто така и во теолошкото размислување – нагласи Светиот Отец истакнувајќи ја незаменливата улога на жените во семејствата.
Не може да се заборави „незаменливата улога на жените во семејствата“. Женската дарба се „вистинска сила за животот на семејствата, атмосфера на ведрина и хармонија без кои би било невозможно да се оствари човечкото звање. Освен тоа треба да се поттикнува и промовира ефикасното присуство на жената во јавниот живот и местата каде што се донесуваат важни одлуки истовремено чувајќи ја нивната скапоцена и незаменлива улога во семејството – поттикна Папата.
Жените не треба да се остават сами да го носат тој тежок товар и сами да одлучуваат; сите институции вклучувајќи ја и Црквата се повикани на жените да им овозможат слободно да одлучат за прифаќање на општествените и црковните одговорности во согласност со семејсниот живот – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.
2813