Папата побара молитви за „ходочастието на мирот“ во Казахстан

Папата побара молитви за „ходочастието на мирот“ во Казахстан

По молитвата Ангел Господов во недела 11 септември 2022 година папата Фрањо побара молитви за неговото претстојно апостолско патување во Казахстан, на кое ќе појде во вторник.

Папата Фрањо патува во таа централноазиска земја првенствено за да учествува на 7. Конгрес на поглаварите на светските и традиционалните религии.

„Тоа ќе биде можност за средба со голем број верски претставници и за дијалог како браќа и сестри, поттикнати од заедничката желба за мир, мир за кој нашиот свет е жеден.“

Папата упати срдечни поздрави до сите кои ќе учествуваат на Конгресот, како и до локалните христијански заедници и сите Казахстанци.

За време на неговата посета, Папата исто така ќе посвети време и за малата католичка заедница во таа земја.

„Благодарам за подготовките и сработеното при подготовките за мојата посета. Ве молам сите да го придружувате ова ходочастие на мирот со молитва“.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот