Папата: Отец Геранже, светилник на обновувањето на верата и учител на молитвата

Папата: Отец Геранже, светилник на обновувањето на верата и учител на молитвата

Во писмото што го испрати до опатијата Saint-Pierre de Solesmes по повод 150-годишнината од смртта на основачот и првиот игумен, папата Фрањо ја споменува неговата суштинска улога во повторното откривање на Литургијата како „јазик на Црквата и во обновувањето на бенедиктинскиот ред во Франција: „живо сведоштво“ за монашкиот живот.

Верен на Светиот Престол, сведок на вредноста на Литургијата како „јазик на црквата“ и светилник во обновувањето на верата, способен да ги придружува верниците во мирно време и во денови на неволја. Има две харизми што ги истакнува папата Фрањо кога го споменува Проспер Геранже, слуга Божји и првиот игумен на опатијата Saint-Pierre de Solesmes, по повод 150-годишнината од неговата смрт на 30 јануари 1875 година. Во писмото упатено до сегашниот игумен на матичната куќа на Конгрегацијата на Редот на Свети Бенедикт во Франција, отец Џефри Кемлин, Папата ја изразува својата блискост и охрабрување до оние кои го посветиле својот живот за да ги следат стапките на тој служител на Црквата, или запознавајќи ги другите со неговото дело.

Направете ја достапна „убавината на Литургијата“

„Benedic anima mea Domino“, е реплика од Псалм 102 што го придружуваше отец Геранже во последните моменти од неговиот живот. Тоа е потврда на живот што го истакнуваа претходниците на папата Фрањо заради неговата улога во обновувањето на бенедиктинскиот монашки живот во Франција – укината по револуцијата во 1789 година, и во ширењето на побожноста кон Пресветото Срце Исусово и Богородица, залагајќи се за дефиницијата на догмата за Безгрешното зачнување. На овие аспекти, папата Фрањо ја додава верноста кон Светиот Престол и наследникот на Петар, особено на полето на Литургијата и духовното татковство. Како дијацезантски свештеник, а подоцна и како бенедиктински монах, отец Геранже го користел Римскиот мисал за своите служби, охрабрувајќи го враќањето на француските епархии на единството на Литургијата. Тоа ангажирање се конкретизирало во составувањето на книгите за Литургиската година, со намера на свештениците и мирјаните да им се стави на располагање убавината и богатството на Литургијата, која е главниот извор на христијанската духовност, како што истакнува и самиот папа Фрањо во апостолското писмо Desiderio desideravi.

Духовниот отец на свештениците и мирјаните

Игуменот во своите списи нагласил дека молитвата на Црквата е најпријатна за Божјото уво и срце и затоа е најмоќна. Блажен е тој, значи, кој се моли со Црквата – напиша игуменот. Ова е изјава за која Папата се надева дека ќе ја инспирира денешната црковна заедница да упати една иста молитва способна да го изрази своето единство. (…)

Пример за „плодноста на монашкиот живот“

Папата Фрањо го завршува своето писмо изразувајќи надеж дека делото на Божјиот слуга, за кое Француската бискупска конференција изрази позитивно мислење за каузата за беатификацијата на 8 ноември 2023 година, ќе продолжи да носи „плодови на светоста“ во верниот народ Божји, останувајќи живо сведоштво за плодноста на монашкиот живот во срцето на Црквата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот