Папата Фрањо вечерта на 19 јуни 2017 година во Латеранската базилика го отвори црковниот собир на Римската бискупија на тема: Да не ги оставиме сами. Да се придружуваат родителите во воспитувањето на децата малолетници.“
Пред почетокот на средбата Светиот Отец во простории на базиликата се сретна со 30 – тина бегалци кои се сместени во римски парохии и тоа во пресрет на Светскиот ден на беглаци, кој го востанови ООН.
И во неделата на попладневниот наговор папата Фрањо упати апел дека болките и надежта на коие кои бегаат од судирите, насилствата и прогонствата нека бидат можност за братска средба и вистинско взаемно познавање. На тој начин се совладува и стравот – рече Папата.
РВ/к.мк