Папата: Оние кои го следат Бога не можат да глуви на плачот на ранетите и исклучените

Папата: Оние кои го следат Бога не можат да глуви на плачот на ранетите и исклучените

Во својата порака за Светскиот ден на молитвата за звања, кој ќе се одбележи на 11 мај, Папата особено ги повикува младите да се доверат на Бога кој „никогаш не разочарува“: Неправедниот третман на ранливите и сиромашните, рамнодушноста на себичните интереси и насилството од војната ги загрозуваат плановите за добар живот кои го негуваат во душата. Меѓутоа, Господ не нè остава во неизвесност, туку сака кај секого да ја разбуди свеста дека е сакан.

Великодушно е да се дарува животот. Тоа е мислата која папата Фрањо ја појаснува од самиот почеток на својата порака, испратена од поликлиниката Гемели на 19 март 2025 година, за 62. Светски ден на молитва за звања, кој ќе се одбележи на 11 мај, охрабрувајќи нè да ја прифатиме со надеж склоноста кон која се чувствуваме повикани одвнатре. Секој повик во Црквата – забележува Папата – без разлика дали е мирјанска или ракоположена служба или посветен живот, е знак на надежта што Бог ја има за светот.

Бог не разочарува и не нé напушта

Соочени со збунетост за иднината што ја чувствуваат новите генерации, Папата поттикнува на доверба, во Промислата, во „Бог кој не разочарува“.

Новите генерации често доживуваат неизвесност за нивните можности за вработување и, на уште подлабоко ниво, доживуваат криза на идентитетот што е криза на смислата и вредноста, а која конфузијата во дигиталниот свет уште ја влошува. Неправедниот однос кон ранливите и сиромашните, рамнодушноста кон себичната добивка и насилствата на војните ги загрозуваат плановите за добар живот што тие ги негуваат во нивните души. Меѓутоа, Господ, кој го познава човечкото срце, не нè остава во неизвесност, туку сака во секој човек да ја разбуди свеста дека е сакан, повикан и испратен како ходочесник на надежта.

Потребни се мудри водичи и соодветна атмосфера

Прифатете, препознајте и следете го патот на звањето; тоа се клучните зборови за пасторалната посветеност кои – според Папата – треба да се зајакнат со енергија, со помош на Светиот Дух, чии сопротагонисти треба да бидеме ние. Затоа Папата ги охрабрува луѓето да ги запознаат животите на младите светци и блажените кои го живееле својот повик како пат кон целосна среќа, во однос со живиот Исус, и им се обраќа на пасторалните работници и духовните водители:

Станува збор за тоа да бидеме за нив луѓе кои се способни да ги слушаат и да ги прифатат со почит; луѓе на кои можат да им веруваат, мудри водичи, подготвени да им помогнат и внимателни да ги препознаат Божјите знаци на нивниот пат. Затоа, го охрабрувам промовирањето на грижата за христијанскиот повик во различни области на човечкиот живот и делување, поттикнувајќи ја духовната отвореност на секој човек за гласот Божји. За таа цел, важно е образовните и пасторалните програми да обезбедат соодветна атмосфера за стручна придружба.

Секое звање треба да биде одговор на потребата за утеха

Молитвената тишина е од суштинско значење за да се слушне Божјиот повик – потсетува папата Фрањо. Важно е секое звање да се гледа не толку како самопотврда, туку како слободен и свесен одговор за служење. Во оваа светлина, звањето мора да се открие со помош на заедницата. Повикот, всушност, никогаш не е богатство што останува затворено во срцето, туку расте и зајакнува во заедницата на оние кои веруваат, сакаат и се надеваат – забележува Петровиот наследник.

Кој го слуша Божјиот повик не може да биде глув на плачот на толку многу браќа и сестри кои се чувствуваат исклучени, повредени, напуштени. Секој повик нè отвора за посланието да бидеме Христова присутност каде што се најпотребни светлината и утехата. На посебен начин верниците мирјани, преку својата социјална и професионална определба, се повикани да бидат „сол, светлина и квасец“ за Царството Божјо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот