Папата: Нема љубов без жртва

Папата: Нема љубов без жртва

Нема љубов без жртва – истакна папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на 24 мај 2017 година на плоштадот Свети Петар, продолжувајќи со серијата катехези за христијанската надеж.

Во фокусот на неговото размислување беше делот од 24 глава од Евангелието според Лука, во кое следиме двајца ученика кои патувале за Емаус.

Тие двајца пред Пасха биле воодушевени, очекувајќи дека Исус ќе ја покаже својата моќ во согласност со нивните очекувања, но тоа не се случило – рече Светиот Отец и продолжи: Нивните очекувања се растуриле на Голгота која во нивните очи означувала пораз.

Разочараните ученици го напуштиле Ерусалим, сакајќи зад себе да го остават најболниот настан во нивниот живот. Но, на тој пат го среќаваат Исус кој ја започнува својата „терапија на надеж:“ Тој им поставува прашања и ги слуша, додека тие му ги опишуваат своите разочарувања и жалоста. Исус оди заедно со нив по патеката на страдањето и Тој по пат на зборовите од Светото Писмо незабележано ги води до вистинската надеж – нагласи Папата.

Исус своите ученици ги упатува на Писмата во кои не се наоѓаат херојски приказни или освојувачки походи. Вистинската надеж не е ефтина, туку секогаш поминува по патот на поразот. Надежта на оние кои не страдаат можеби воопшто и не е надеж. Бог не сака, да се сака како што се сака заповедник кој на својот народ му донесува победа, уништувајќи ги напријателите. Нашиот Бог е пригушено светло кое гори за време на ладните и ветровити денови – рече папата Фрањо.

Светото Писмо е првиот чекор на Исусовата терапија за разочараните ученици, а вториот е евхаристискиот чин на благословување, прекршување и делење на лебот. Не ја наоѓаме ли во тие чинови целата Исусова историја? Исус нѐ зема, благословува, кажи речи го прекршува нашиот живот, па нема љубов без жртва, и го нуди на другите – истакна Светиот Отец.

Исусовата средба со двајцата ученика можеби не траела долго – рече Папата. Сепак овде се одржува „целокупното одредување на Црквата.“ Христијанската заедница не е затворена во тврдина, туку е на пат. Токму Црквата на патот се среќава со луѓето, со нивните надежи и разочарувања, ги слуша и им го нуди Словото на животот, сведоштвото на љубовта, љубовта која е верна до крај. И така во срцата на луѓето се враќа пламенот на надежта – рече папата Фрањо.

Сите ние во својот живот поминуваме низ мрачни моменти кога ни изгледа дека пред нас е ѕид, но Светиот Отец потсети дека Исус секогаш е близу за да ни даде надеж зборувајќи: „Оди напред, јас сум со тебе!“ Тоа е тајната на патот до Емаус: макар да ни изгледа поинаку, Бог никогаш нема да престане да ни сака добро.

Бог секогаш ќе оди со нас, па и во најболните и најмрачните моменти, и во часот на паразот: Господ е тука! Тоа е нашата надеж: да се оди напред со таа надеж затоа што Он ни е близу, одејќи секогаш со нас – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот