За време на посетата на папата Фрањо на ФАО, односно на Организацијата на обединетите нации за храна и земјоделство, посебно трогателен беше моментот кога повторно истакна дека мигрантите не се бројки, туку луѓе, лица со сопствена приказна за страдање.
На почетокот на посетата Папата кратко се задржа во атриумот на зградата каде е поставена мермерна склуптура која го прикажува Ајлан, малиот бегалец кој во октомври 2015 година се удави на една плажа во Турција. Тој е симбол на трагедијата миграција, која папата Фрањо многу пати ја истакнува со зборови и гестови.
Склуптурата, подарок од Светиот Отец за ФАО, во бел мермер од Карара ја направи уметникот Луиџи Преведел, а го прикажува мртвото сириско момче на плажа, покрај кој е ангел со расплакано лице. Папата се задржа пред статуата, а со него беше главниот директор на ФАО, Хозе Грацијано да Силва, и постојаниот набљудувач на Светиот Престол при организацијата и телата на Обединетите нации за храна и земјоделство монс. Фернандо Чика Ареландо. После краткото, но важно задржување, Папата имаше приватен разговор со управителите на ФАО.
РВ/к.мк