треба да го даде на Бог и светот она што го има – истакна папата Фрањо во попладневниот наговор на плоштадот Свети Петар пред молитвата Ангел Господов во недела 22 октомври 2017 година. Папата во своето размислување се задржа на делот од Евангелието според марко (сп. Матеј 22,15-21), каде можеме да го прочитаме славниот цитат на Исус: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!” и истакна дека плаќањето данок уште во времето на Исус било тешко прашање.
Фарисеите сакале да му подметнат замка на Исус, поставувајќи му го прашањето: треба ли да се дава данок на царот или не?, но Исус реагира смирено и го даде гореспоменатиот одговор. На политичко прашање Исус одговара на начин кој истовремено е практичен и духовен: од една страна објаснува дека плаќањето данок е должност кон земските власти, а не идолопоклонство, додека пак од друга страна потсетува на Божјиот примат, повикувајќи да се даде на Бог она што е Божјо.
Исус тоа го покажа со примерот на парата, на која се наоѓа ликот на царот. Тоа може да се сфати и како симбол дека Божјата слика е втисната во секој од нас. Секој човек, припаѓа на Бог, бидејќи Тој на сите им дава сѐ – рече папата Фрањо и додаде дека поради тоа сите би требало да сме благодарни.
Со ова е поврзан и повикот до верниците да се ангажираат во светот, а при тоа да не се спротивставуваат на Бог. Наместо тоа, верниците би требало да го осветлат светот со „Божјото светло“.И тоа, доверба во Бог, не води во бегство од реалноста, туку преку тоа на Бог да му го подадеме она што е Божјо. Така христијанинот со доверба гледа а идината, живеејќи го својот земски живот во полнина и храбро соочувајќи се со предизвиците – рече Папата на крајот од наговорот.
После молитвата Ангел Господ, Светиот Отец напомена дека денес се слави Светскиот мисиски ден, на тема „Мисијата во срцето на христијанската вера“. Папата упати повик да внесеме „радост во посланието“ на сите подрачја од животот. Исто така потсети дека во октомври 2019 година ќе се одбележи посебен мисионерски месец. Имено повеќе да се промовира и поддржи евангелизацијата „ад гентес“. Светиот Отец истакна дека денес се слави и споменден на свети Иван Павле II и токму на неговото застапништво го доверува посланието на Црквата во светот.
Папата Фрањо повика на молитва за мир во светот, а посебно за Кенија, каде владее голема напнатост поради спорните претседателски избори, кои се одржаа на 8 август оваа година. На тие избори победи Ухуру Кенијата, но Врховниот суд ги поништи изборите поради неправилности и незаконитости во изборниот процес. Новите избори ќе се одржат на 26 октомври оваа година. Светиот Отец внимателно ја следи ситуацијата во таа африканска земја, која ја посети во 2015 година и се моли Кенијците со помош на конструктивен дијалог да успеат да ги надминат сегашните проблеми, имајќи ја при срце потрагата за општо добро.