Папата на светата Литургија: Искористете го летото за да уживате во моменти на размислување

Папата на светата Литургија: Искористете го летото за да уживате во моменти на размислување

Предводејќи ја светата Литургија во катедралата Албано, во недела 20 јули 2025 година, папата Лав размислуваше за гостопримството, служењето и слушањето како основни елементи за градење однос со Бога и другите.

Во третата недела откако престојува во папската летна резиденција во Кастел Гандолфо, папата Лав XIV ја предводеше светата Литургија за 16 недела во литургиската година во блиската катедрала Албано.

На почетокот од својата проповед, Папата се пошегува за тоа што морал да ги промени плановите за посета на Албано уште во мај. „Како што знаете, требаше да пристигнам на 12 мај, но Светиот Дух имаше други планови. Сепак, навистина сум среќен што сум тука и со ова чувство на братство и христијанска радост, ве поздравувам сите присутни.“

Размислувајќи за првото читање и Евангелието, тој рече дека овие пасуси нè повикуваат да размислуваме за гостопримството, служењето и слушањето.

Добри домаќини

Папата прво го размислуваше првото читање од Книгата Битие каде тројца мажи го посетуваат Авраам „во жештината на денот“. Папата Лав истакна дека одговорот на Авраам кон овие посетители како господар на куќата бил гостопримлив.

Со овој став, атмосферата се промени и, како што истакна Папата, „попладневната тишина е исполнета со гестови на љубов“ од Авраам, неговата сопруга Сара и нивните слуги. Во таа атмосфера, Бог ја споделува веста што ја чекаше двојката: ќе добијат син.

Оваа средба нè охрабрува да размислувамее за тоа како Бог го избрал патот на гостопримството за да влезе во животот на Авраам и Сара.

Двојни димензии на гостопримството

Осврнувајќи се на Евангелието, папата Лав коментираше како пасусот „нè учи за Божјиот начин на дејствување“. Исус дошол како гостин во куќата на Марта и Марија, не како странец, туку како пријател за време на една прослава.

Двете сестри реагираат на својот гостин на различни начини: Марта го пречекува служејќи му, додека Марија седи пред неговите нозе за да го слуша. Исус одговори на коментарите на Марта повикувајќи ја да ја препознае важноста на слушањето. Папата нагласи дека „сепак, би било неисправно да се гледаат овие два става како меѓусебно исклучувачки или да се споредуваат доблестите на двете жени“. Служењето и слушањето, рече тој, е „двојна димензија на гостопримството“.

Кога се стремиме да ги живееме овие два аспекта во нашиот секојдневен живот, нашиот однос со Бога мора да биде на прво место и треба да ја живееме нашата вера преку конкретни дела, според нашата животна состојба. Но, ова можеме да го направиме само откако ќе размислиме за Божјото Слово и ќе го слушаме Светиот Дух. За да го направиме ова, Папата нè повика да посветиме време на тишина и молитва, елиминирајќи ги одвлекувањата на вниманието, за да можеме да се фокусираме на Бога и да му дадеме простор да ни зборува.

Тој рече дека „ова е димензија на христијанскиот живот која посебно треба да ја обновиме денес, и како вредност за поединците и заедниците, и како пророчки знак за нашето време“. Папата истакна дека летото е добар момент да се залагаме за ова и да ја доживееме убавината на нашиот однос со Бога и како тој може да ни помогне да бидеме поотворени кон другите.

Летен одмор и Бог

Бидејќи летото често нуди повеќе слободно време за размислување и поминување време со другите, папата Лав ги повика сите „добро да го искористат ова, оставајќи го зад себе бројните на обврски и грижи, со цел да уживаат во неколку моменти на мир и размислување“ и да ги посетат другите.

Летото може да биде можност да се грижиме за другите, да ги запознаеме и да ги слушаме. Сето ова се изрази на љубов, објасни Папата, од кои сите имаме потреба. Тој рече дека ако храбро се обидеме да ги живееме, ќе промовираме култура на мир, „помагајќи им на оние околу нас да ги надминат поделбите и непријателството и да изградат заедништво меѓу поединците, народите и религиите“.

Сфаќајќи дека ова бара труд и жртви, папата Лав нагласи дека токму во овие напори „може да се изгради нешто вредно во животот“. Слушањето и служењето на другите е единствениот начин да се создадат и зајакнат вистински односи со другите.

Ви благодариме за вашето служење

На крајот од светата Литургија, папата Лав му подари на епископот од Албано, Винченцо Вива, одежда. „Овој подарок му го подаруваме на Неговата Екселенција, израз на нашата близина со неговата епархиска црква, со надеж дека Господовиот благослов секогаш ќе ве придружува. Ви благодариме за вашата служба и им благодариме на вашите луѓе.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот