Папата најави Епископска синода за Амазонија

Папата најави Епископска синода за Амазонија

По денешната канонизација и пред молитвата Ангел Господов, Светиот Отец најави Вонредно собрание на Епископската синода за Амазонија кое ќе се одржи во Рим, во октомври 2019 година.

На крајот од службата за канонизација на денешните светци и пред самата молитва Ангел Господов, Светиот Отец срдечно ги поздрави сите кои дојдоа од разни земји за да одадат почест на новите светци. Овде на посебен начин мислеше на официјалната делегација од Бразил, Франција, Италија, Мексико, Малтешкиот ред и Шпанија. Нека примерот и застапништвото на овие сјајни сведоци на Евангелието, рече Папата, нè придружува на нашиот пат и секогаш нека ни помага во промовирањето на братските и взаемните односи за доброто на Црквата и општеството.

Прифаќајќи ја желбата на некои Бискупски конференции од Латинска Америка, како и гласот на многу пастири и верници од другите делови во светот, Светиот Отец објави дека одлучно го свикал вонредното собрание за Епископската синода за Амазонија, која ќе се одржи во Рим, во октомври 2019 година.

Главната цел на тој состанок е да се утврдат нови патишта за евангелизација на тој дел од Божјиот народ, посебно домородците, кои често се заборавени и без изглед за добра иднина, исто така и заради кризата на амазонските прашуми која е премногу важна за нашата планета, истакна папата Фрањо, молејќи новите светци да се застапуваат за тој црковен настан, почитувајќи ја убавината на создаденото, сите народи на земјата да го слават Бог, Господарот на вселената, и примајќи го неговото просветлување да одат по патеките на правдата и мирот.

На крајот, Папата потсети дека задутре е Ден за борба против бедата. Сиромаштвото не е неизбежно: тоа има свои причинители кои можат да се препознаат и да се отстранат, за да се почитува достоинството на многу браќа и сестри, следејќи го примерот на светците.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот