Папата најави екуменско молитвено бдение и повторно поттикна на солидарност со Украина

Папата најави екуменско молитвено бдение и повторно поттикна на солидарност со Украина

По молитвата Ангел Господов, Папата ја спомена молитвената осмина за единство на христијаните, која ќе се одржува од 18 до 25 јануари, на тема: „Научи да правиш добро, барај правда“, а екуменскиот од го поврза со синодалното преобраќање на Црквата. Тој уште еднаш ги повика сите, преку чувства, помош и молитва, да не го забораваат маченичкиот украински народ кој толку многу страда.

Екуменско молитвено бдение со цел на Бога да му се довери работата на XVI редовно Генерално собрание на Епископската синода на тема синодалност, кое ќе се одржи во октомври. Ова го соопшти папата Фрањо по молитвата Ангел Господов, објаснувајќи дека бдението ќе се одржи во сабота на 30 септември на плоштадот Свети Петар, а за младите кои ќе дојдат на бдение ќе има специјална програма подготвена од Заедницата Тезе. Првата седница на синодот на тема „За синодалната црква: заедништво, учество, послание“ ќе започне во Ватикан неколку дена подоцна, на 4 октомври, а ќе заврши на 29 октомври. Втората сесија ќе се одржи во октомври 2024 година.

Екуменскиот од и синодалното преобраќање се поврзани

Светиот Отец посочи дека патот до единство на христијаните и патот на синодалното преобраќање на Црквата се, навистина важни настани, откако потсети дека традиционалната Молитвена недела за единство на христијаните ќе се одржи од 18 до 25 јануари.

Овогодинешната тема е преземена од пророкот Исаија: „Научете се да правите добро, барајте правда“. Да му благодариме на Господа, кој верно и трпеливо го води својот народ кон полно единство и Го молиме Светиот Дух да нѐ просветли и да нè поддржи со своите дарови.

Близина со украинскиот народ преку чувства, помош и молитва

Папата Фрањо потоа ги насочи своите мисли кон саканата и напатена Украина. Браќа и сестри, да не заборавиме на напатениот украински народ кој толку многу страда. Да бидеме блиски со него преку нашите чувства, нашата помош, нашата молитва.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот