Папата: Науката нека биде во служба на човекот, а не за негово уништување

Папата: Науката нека биде во служба на човекот, а не за негово уништување

Примајќи ги во аудиенција учесниците на конференцијата организирана од ватиканската опсерваторија наречена „Црни дупки, гравитациони бранови и просторно-временски сингуларитети“, во спомен на монсињор Жорж Леметр, папата Фрањо ја истакна теоријата на тој космолог за кого создавањето и Биг Бенг се две различни реалности и дека Господ не е лесно да се категоризира со човечки разум, туку тој е „скриен Бог“

Во четврток, 20 јуни 2024 година, папата Фрањо во Ватикан ги прими учесниците на Втората конференција на Ватиканската опсерваторија во спомен на Жорж Леметр под наслов „Црни дупки, гравитациски бранови и просторно-временски сингуларитети“.

Откако ги поздрави и им се заблагодари на сите присутни за посетата потсети дека претходната конференција се одржа пред седум години. Тој рече дека во меѓувреме научната вредност на белгискиот свештеник и космолог монсињор Леметр беше дополнително призната од страна на Меѓународната астрономска унија, која одлучи дека добро познатиот Хаблеов закон поправилно е да се нарекува Хаблеов-Леметров закон

Потсетувајќи на прашањата за кои се разговараше на конференцијата, тој рече дека Црквата посветува внимание на ваквите истражувања и ги промовира. „Почетокот на вселената, конечната еволуција, длабоката структура на просторот и времето ги ставаат човечките суштества пред избезумена потрага по смисла, во огромно сценарио во кое ризикуваат да се изгубат“, рече Папата и нагласи дека затоа овие теми имаат посебно значење за теологијата, филозофијата, науката и за духовниот живот.

Светиот Отец рече дека Жорж Леметр бил примерен свештеник и научник. Тој додаде дека неговиот човечки и духовен пат претставува пример на живот од кој секој може да учи. Потсетувајќи на неговиот живот, тој рече дека едно време верувал дека научните вистини во Светото Писмо се чуваат на прикриен начин.

Истакна рече дека патот на верата го доведува до свесноста дека создавањето и Биг Бенг се две различни реалности и дека Богот во кој верува не може да биде предмет што лесно може да се категоризира според човечкиот разум, туку е „скриен Бог“  кој секогаш останува во димензија на мистерија.

Папата изрази желба учесниците на конференцијата да продолжат да разговараат во дух на посветеност и понизност. Тој рече дека слободата и недостатокот на условеност може да им помогне да напредуваат на нивните полиња кон Вистината која сигурно доаѓа од Божјата љубов.

„Верата и науката можат да се соединат во љубовта ако науката се стави во служба на мажите и жените на нашето време, а не се искривува на нивна штета, па дури и на нивно уништување“, истакна Светиот Отец, завршувајќи го своето обраќање до присутните учесници на Втората конференција на Ватиканската опсерваторија.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот